• Latest
Фото: ВИ

ГРЕКО бележи напредок на Северна Македонија во спроведувањето на препораките за спречување на корупција

July 15, 2025
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

ГРЕКО бележи напредок на Северна Македонија во спроведувањето на препораките за спречување на корупција

July 15, 2025 14:26
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: ВИ

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Македонија постигна напредок во спроведувањето на препораките за спречување на корупцијата меѓу носителите на високи извршни функции на ниво централната власт и полицијата, се наведува во извештајот на Групата на држави против корупцијата на Советот на Европа (ГРЕКО) по Петтата рунда на евалуација за усогласеност на земјата со претходно дадените препораки.

Во Извештајот на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритетот на централната власт и органите за спроведување на законот“, се заклучува дека земјава задоволително имплементирала 17 од 23-те препораки од Петтата рунда за евалуација од 2019 година, додека преостанатите шест препораки се делумно имплементирани.

Во претходниот, втор Извештај за усогласеност од 2023 година како задоволително имплементирани беа оценети 13 од 23-те препораки, девет како делумно имплементирани, а една како неимплементирана.

– ГРЕКО ги поздравува преземените чекори за подобрување на транспарентноста и промовирање на интегритетот во однос на лицата на кои им се доверени високи извршни функции. Новиот Правилник за работа на Владата сега овозможува јавен пристап преку интернет до листата на лица вклучени во владините поткомитети и работни групи. Усвоени се нови упатства за пријавување и обработка на подароци, а во тек е и развој на онлајн каталог со детали за подароците, се вели во Извештајот.

Како друг позитивен момент во документот се посочува создавањето на Електронска база на податоци за регистрирање и проверка на анкетните листови за имотот на избраните и именувани јавни функционери.

Во извештајот се посочува и дека до крајот на 2025 година се очекува да бидат усвоени измените на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, со кои ќе се зајакне режимот на санкционирање на прекршителите на законските одредби.

– Исто така, спроведена е и анализа за проценка на процесите и практиките на Одделот за следење на имотната состојба на Државната комисија за спречување на корупција. Спроведувањето на препораките што произлегуваат од оваа проценка е во тек и ќе бара континуирано следење и посветеност за да се обезбедат видливи подобрувања, се наведува во документот.

Во однос на, како што се наведува, агенциите за спроведување на законот, ГРЕКО нотира напредок, особено во законската реформа насочена кон зајакнување на оперативната независност на полицијата и нејзините механизми за внатрешен и надворешен надзор.

– Сепак, потребни се понатамошни напори за да се обезбедат објективни и транспарентни проценки и да се зајакне заштитата на дојавувачите, се додава во документот.

Во извештајот се охрабруваат македонските власти да го информираат ГРЕКО за сите понатамошни случувања во врска со целосното спроведување на преостанатите препораки.

– ГРЕКО особено со нетрпение очекува напредок во воспоставувањето на регистар на подароци, во целосната операционализација на базата на податоци за електронски декларации за имотна состојба на избрани и именувани функционери, во подобрувањата направени во режимот на санкционирање за прекршувања на правилата за судир на интереси, интегритет и антикорупција, во промените во постапките за тестирање на интегритетот на полицијата, вклучително и нивната евалуација, како и во практичната примена на законодавството за заштита на дојавувачите во рамките на полицијата, се нагласува во Извештајот ,пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ