Активистката за заштита на животната средина, Грета Тунберг изјави дека го прекинува редовниот протест пред шведскиот Парламент поради зголемувањето на случаите на заразени со новиот коронавирус и дека се враќа на кампањата преку интернет.
– Ситуацијата се влошува, поради што се враќам на протестите во врска со климатските промени преку интернет, најави Тунберг на Твитер.
Од август 2018 година, Тунберг не оди на училиште во петок, но протестира пред шведскиот Парламент, барајќи од Владата да преземе поостри потези во врска со климатските промени.
Протестите наречени „Петок за иднината“ се проширија низ целиот свет и станаа светски феномен.Поради пандемијата протестите беа прекинати до септември, кога беа повторно активирани.