• Latest

Грковска – Реитман: Интероперабилноста и електронската лична карта се предуслов за успешна дигитализација

May 10, 2022

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска – Реитман: Интероперабилноста и електронската лична карта се предуслов за успешна дигитализација

May 10, 2022 13:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со директорот на естонскиот Центар за регистри и информациски системи Риво Реитман, со кој разменија информации за процесот на дигитализација на општеството, но и за интероперабилноста на податоци, информираат од владината прес служба.

Вицепремиерката Грковска, во рамки на Проектот за унапредување на дигитализацијата на Република Северна Македонија, а  во соработка со естонскиот Центар за меѓународен развој и со поддршка на Соединетите Американски држави е во тридневна посета на естонските институции кои се носители на естонското дигитално општество.

Директорот Реитман нагласи дека меѓуинституционалната размена на податоците и воведувањето на електронска лична карта се клучните чекори во процесот на дигитализација, по што процесите потоа само треба да се надградуваат.

Вицепремиерката Грковска информираше дека во Република Северна Македонија веќе е почнат процесот на интероперабилност, а се работи и на воведување на електронска лична карта и токму затоа естонското искуство за нас е многу важно.

Таа информираше дека е клучно поврзувањето на државните институции и нивната меѓусебна размена со цел институциите да бидат обврзани за споделување на информациите и податоците кои граѓаните веќе еднаш ги дале на една институција т.е. да се воведе и имплементира принципот само еднаш да се побара еден податок од граѓаните, а потоа останатите институции да вршат размена на тој податок.

Двајцата соговорници се согласија дека при спроведувањето на дигитализацијата многу е важно да се обезбеди безбедност на податоците на граѓаните, со што ќе се зајакне довербата во целиот процес.

Вицепремиерката Грковска подетално се запозна и со процесот на воведување на електронска лична карта во Естонија, преку кој е овозможено естонските граѓани да имаат најбезбеден дигитален идентитет.

Во тој контекст, нагласи вицепремиерката Грковска, соработката со естонската Влада за нас е клучна, не само во процесот на спроведување на дигитализацијата, туку и во процесот на информирање и обука на граѓаните. Затоа, додаде таа, за нас е важно доследно да се применуваат трите клучни принципи при воспоставувањето на електронска лична карта, а тоа се довербата, достапноста и интегритетот на податоците.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ