Дали навистина ВМРО-ДПМНЕ зборува за правна држава? Дали навистина се загрижени за датумот за преговори со ЕУ, а истовремено лидерот на партијата Христијан Мицкоски бега од лидерската средба закажана за утре.
ВМРО-ДПМНЕ прашуваат кои се Кики и Фрики и зошто и е одземен телефонот на јавната обвинителка Катица Јанева, додавајќи: „Сè додека овој случај не се расчисти, и оваа криминалната банда не си замине од власт, Македонија нема Европска иднина. Правната држава е далеку од реалност, а датумот за преговори со Европската Унија само уште едно лажно ветување на Заев“.
ВМРО-ДПМНЕ зборува за правда и правдина, а токму таа партија е гробар на правната држава додека беа 11 години на власт. Цела јавност имаа прилика од „бомбите“ да слушнат за „Сваровски“ судството во нивното владеење, а сега велат дека партиски послушници блиски до власта се ослободуваат од обвинение. Можеби и делумно се во право, бидејќи обвинителите не знаат и не се умеат поинаку да работат, навикнати се на партиско влијание.
Граѓан(к)ите очекуваат сите политички партии да ги тргнат рацете од обвинителството и судството и да ги остават професионално и непристрасно да одлучуваат за секој случај. Паравдата мора да е еднаква за сите, без разлика за кого се работи.
Дехран Муратов