• Latest

Герет: Сите знаат што треба за кредибилни избори!

November 8, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Герет: Сите знаат што треба за кредибилни избори!

November 8, 2016 18:21
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На маргините на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“, британскиот амбасадор Чарлс Герет, одговараше на прашања на новинарите за претстојните избори…

ГЕРЕТ: Водевме навистина интересен разговор на овој собир, што се однесува на темата која за сите нас е добро позната, потребата од кредибилни избори, како да спроведете кредибилни избори, но и други теми поврзани со истиот проблем. Сите знаеме што е потребно за кредибилни избори, институциите знаат, индивидуите знаат, политичките лидери знаат, гласачите знаат… Сите знаат што треба за кредибилни избори, па во теорија, истите треба да се возможни. Голем дел од овие концепти се и доста едноставни, како на пример, тајното гласање, но во јавноста се шират други сознанија, секако ги земам во предвид и своите истражувања… Тие покажуваат дека голем број луѓе не веруваат во тајното гласање, што е навистина битно, но секако, доколку не веруваат дека гласањето е тајно, можеби нема ни да гласаат, иако знаат дека треба да гласаат.
Добро беше тоа што оваа година видовме дека премиерот даде изјава за тајноста на гласањето, но јас лично верувам дека може да се направи многу повеќе. Како, на пример, политичките лидери да излезат со апсолутни и јасни ставови за тајноста на гласањето и дека Владата нема никакви сознанија за индивидуалниот глас на граѓанинот, не само во политичките редови, туку во сите слоеви на општеството.

Голем дел од граѓаните се под притисок да гласаат за една политичка партија, дали сметате дека и покрај тоа ќе има фер гласање?

ГЕРЕТ: Затоа тајноста при гласањето е навистина битна. Ако знаеш дека твојот глас е таен, ти се појавуваш во избирачкото место и својот глас ќе го дадеш за онаа политичка партија за која ти лично сакаш.

Утре ќе биде проследен Извештајот за напредокот, кои се вашите препораки за Македонија?

ГЕРЕТ: Ќе мора да почекаме и да дознаеме за тоа. Не сум денес тука да најавам од што се состои извештајот, меѓутоа, знаеме дека ќе биде доста интересен, секако и корисен за Македонија. Затоа што секоја повратна информација за напредокот што се случил досега и за тоа што уште треба да се работи во иднина, е секако корисна за луѓето кои сакаат да ги видат промените.

Дали мислите дека ќе има демократски избори, кога во кандидатските листи има личности за кои што СЈО води истрага?

ГЕРЕТ: Навистина битно прашање, но различни земји се справуваат со ова прашање на различни начини. Во некои демократски држави е сосема возможно – луѓе кои се предмет на истрага или се соочуваат со судски процеси, да се појават на избори. Во други држави, други демократии, не е возможно.  Ова е прашање за кое самите држави одлучуваат.

Амбасадорот Герет зборуваше и за односите меѓу Британија и Македонија и истакна дека како амбасадор на Обединетото Кралство ги застапува британските ставови и политики: „Го правам тоа најдобро што можам, во однос на ставовите кои ги застапувам и акциите кои ќе ги превземам. Веќе 25 години, Велика Британија и дава голема поддршка на Македонија. Ние се гледаме себеси како критички пријател на Македонија, и сакаме да ја дадеме сета поддршка што можеме, кога и да видиме дека има потреба од тоа, како на пример, во 2005-тата година, кога Британија претседаваше со ЕУ, а Македонија стана официјален кандидат за член на ЕУ. Таквата поддршка, сме подготвени и сакаме да ја дадеме, затоа што е и во наш интерес. Истовремено, критикувањето значи – да испратиме пораки онаму, каде што мислиме дека е потребно да се даде поттик на работите кои не одат во вистински правец. Нормално, различни пораки произлегуваат, но затоа, најефективни се оние пријателства каде што постои чесност и транспарентност на своите позиции.

Камера: Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориЧарлс Гарет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result