• Latest

Груби ја презеде функцијата прв вицепремиер и министер за политички систем

August 31, 2020
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груби ја презеде функцијата прв вицепремиер и министер за политички систем

August 31, 2020 14:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Артан Груби денеска ја презеде должноста прв вицепремиер и министер за политички систем.

По примопредавањето, Груби изјави дека денеска имале мала координативна средба со сите негови колеги, предложени и избрани од страна на Собранието за министри во новата Влада пред да тргнат заеднички на традиционалниот состанок со претседателот Стево Пендаровски. Изрази благодарност на сите граѓани и на сите пратеници за довербата која, како што рече, им ја укажаа вчера со апосолутно мнозинство, ја усвоија и програмата на Владата и Кабинетот кој беше предложен од премиерот Зоран Заев. Груби посочи дека и на 15 јули годинава граѓаните ја изразиле својата волја за да ја видат државата реформски и евроатлантски ориентирана.

– Наша задача е да ги продлабочиме реформите, да ја имплементираме Програмата која вчера беше усвоена во Собранието и да ги исполниме сите очекувања на граѓаните, изјави Груби.

Одговарајќи на новинарско прашање, Груби изјави дека се едно со Зоран Заев зошто, како што рече, ние веќе сме една Влада, заедничка Влада и заедно сме во тој Кабинет.

– Имавме мала координативна средба со колегите од ДУИ за заеднички да отидеме кај претседателот Стево Пендаровски. Секако, дека премиер е Зоран Заев. Ова е коалициска Влада и како што можете да видите и во коалицискиот договор и во Програмата на Владата, консенсуално и заеднички одлучуваме сите како колективно тело за доброто на сите граѓани и имплементирање на Програмата, појасни Груби.

Груби најави дека апосолутен приоротет е систематизацијата на сите вработени по Рамковен договор и смета дека во следните шест месеци ќе успеат да ги систематизираат сите луѓе кои чекааат да почнат на своите работни места. Додаде дека се работи за околу 1.400 лица.

Прашан за неговите надлежности, Груби рече дека прв потпретседател на Владата означува дека тој ќе го заменува премиерот, во негово отсутство.

– Секако, ќе работиме заедно. Ние сме коалициска Влада и моја задача првенствено е да ги хармонизираме нашите ставови во програмата која заеднички ја имаме сплотено и усвоено и да ја имплементираме. Секако, дијалогот меѓу нашите две политички партии кохезивно во новата Влада ќе треба Заев и јас да го спроведеме во секојдневни дејствија, рече Груби.

На новинарско прашање дека во Законот за Влада не постои функција прв вицепремиер и дали ќе го менуваат Законот, Груби сопшти дека сметаат оти треба да се промени Деловникот за работа на Владата и тоа ќе го разговараат на утрешната седница.

За гласањето на пратеникот Зибери во Собранието, кој имал симптоми на КОВИД-19, Груби рече дека тоа било негова лична одлука. Според Груби, тој дошол само на гласањето, изолирано, според сите протоколи предвидени за такво гласање, бил одвоен и немало никаков ризик за пратениците или министрите присутни на вчерашната седница.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share41Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ