Откако дел од обвинетите во случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности и злопутреби, на денешното судско рочиште признаа вина меѓу кои како виновни се изјаснија поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешната заменичка министерка за права, Билјана Бришковска-Бошковска и Мартин Протуѓер, во ексклузивна изјава за „Озбилно“ азилантот Никола Груевски од Будимпешта истакна дека се срами од неговите колеги.
„Не ми се верува со какви луѓе сум работел. Едноставно немам коментар за тоа што го направија. Се уште сум во шок! Не можам да се соземам дека моите сопартијци ми работеле зад грб и местеле избори. Јас немам што повеќе да кажам, освен дека „ме уби туѓа срамота“ што би рекол народот“, истакна Груевски за Озбилно.
На прашањето дали се чувствува виновен, бидејќи и против него се води судски процес за истиот случај, тој само кратко искоментирал дека ништо не му се слуша оти е слаба конекцијата и се исклучил.
Ми Ле Ми Текна
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.