Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски останува без пасош. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, го одби барањето на обвинетиот Груевски за укинување на мерките на претпазливост, вклучувајќи ги и одземените патни исправи. За Кривичниот совет, неосновано е барањето на Груевски, дека пасошот му треба за службени патувања, надвор од земјата.
„Мерката на претпазливост, ‘Привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница’ и мерката ‘Привремено одземање на дипломатска патна исправа’, остануваат на сила“, соопштува Судот.
На 3 јули, со одлука на Основниот суд Скопје 1, а на барање на СЈО за случајот „Титаник“ му беше одземен пасошот на Груевски. Мерката на претпазливост на 23 јули, ја потврди и Апелациониот суд.