Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораки секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството. Денешната поента се однесува на изјавата на министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој изјави дека јавниот долг во земјава е стабилизиран.
Хајредини, кој за министерот Тевдовски, инаку, има добро мислење, вели дека е чесен, но во врска со неговата најнова изјава поентира:
Тевдовски вели дека е стабилизиран јавниот долг. Што значи стабилизиран јавен долг? Тоа, ама баш ништо не значи. Притоа, кога тој ја информираше јавноста дека јавниот долг е нестабилен?