• Latest

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025 11:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Донацијата од 800 илјади евра од компанија од српско потекло за реконструкција на двата стари објекти на тетовската гимназија, е проследена со полемики дека станува збор за таен договор за изградба на црква во Тетово, пишува „Порталб“.

Според „Порталб“, во интервју за Алсат ова го потврди пратеникот од ВЛЕН, Беким Ќоку, а потоа се извини и рече дека станува збор за грешка.  Ќоку, на прашањето за примената донација од една српска компанија во Тетово, потрврди дека донацијата е за црквата.

„Поголем проблем е Дака Давидовиќ, кој е на црната листа и кој го направи целиот тој пазар со Теута Арифи, тогашната градоначалничка на општината и стана близок пријател на Муса Џафери и целата структура на ДУИ, отколку донацијата што беше дадена за црквата“, рече Ќоку.

Откако неговата изјава предизвика доста врева во јавноста, Ќоку се демантираше себе си.

„Мојата изјава во интервјуто за Алсат, исто така и поради динамиката на интервјуто, дека имало донација за црквата во Тетово е дезинформација. Таква донација не постои и ова е факт кој може да се провери. Проверливата вистина е дека имало една донација за реконструкција на училиште дадена од компанија регистрирана на територијата на Северна Македонија“, напиша Ќоку.

Уште од самото пристигнување на донацијата во Тетово почнаа да се шират гласини дека оваа донација има друга позадина, изградбата на црква во Тетово. На 21 јули, за време на почетокот на работите за реконструкција на старите објекти на тетовската гимназија, градоначалникот на Тетово, Билал Касами, беше прашан дали оваа донација е договор за изградба на црква, меѓутоа, во тој момент интервенираше премиерот Христијан Мицкоски, и Касами не можеше да даде одговор. На 28 август градоначалникот на Тетово, Билал Касами, при една средба со граѓаните изјави дека го обвинуваат за изградба на црквата, пишува Порталб.

„Ме обвинуваат затоа што прифативме донација од бизнис чиј сопственик е Србин. Парите во претходните мандати одеа во нечии џебови, а сега преку советот влегуваат како донации за спроведување на проекти за Тетово“, рече Касами.

Тој додаде дека го обвинуваат дека примил донација со ветување дека ќе изградат црква во Тетово.

„А знаете каде, на локација што во деталниот урбанистички план е предвидена за изградба на џамија, за прв пат во Тетово по 30 години демократија во детален урбанистички план во блок 28 е предвидено да има џамија, за прв пат во Тетово ќе се гради џамија со сите процедури и дозволи и сè што е потребно за легален објект, и за да го прикријат ова ме обвинуваат дека таму ќе изградиме црква“, рече Касами.

Во врска со оваа донација алармираа и опозициските партии, ДУИ и Aлијанса за Албанците. Според АА, станува збор за сомнителен договор кој покренува сериозни сомневања за можна вмешаност во перење на пари, институционална корупција или скриени услуги, изградба на православна црква во Тетово преку канализирање на донации прикриени како помош за општината или користење на општинските институции за цели на странски интереси./ МЕТА

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ