Џевдет Хајредини, политички аналитичар и експерт за финансии, неуморно ги следи активностите поврзани со борбата против корупцијата. Неговата денешна поента се однесува токму на оваа област.
Независно од јавно изразениот оптимизам, способноста и желбата на претседателката на ДКСК, крајно неизвесно е дали ќе може успешно да ја извршува својата мисија.
Ова, според мое мислење, не е можно сѐ додека во владата има министри, како и директори на државни институции, кои придонеле Република Северна Македонија со корупцијата да се најде на прво место на Балканот.
За жал, скандалот со непотизмот и некои други случаи, не ни даваат за право да се надеваме во успешна борба против корупцијата и во наредниот период.