ДУИ ДА НЕ СЕ ЧАТАЛАТ…
Ништо друго не заслужуваат тие што многу се чаталат.
ДУИ-ВЛАДА-ДУИ
Нема влада без ДУИ, ниту ќе има ДУИ ако не биде во влада.
МИНИСТРИТЕ И ПАРТИИТЕ
Министрите не ги бира партијата. Ги бира собранието со мнозинство гласови на пратениците кои ги бираат граѓаните.
Ова важи само во нормални држави.
ХРАБРОСТ
Г. Димитров, и на Македонија ѝ треба(ше) малку поголема храброст да се справи со криминалот, корупцијата и непотизмот, не само на претходната, туку и на актуелната власт.
АНЃУШЕВ И НЕГОВИТЕ ВЕТУВАЊА
Вицепремиерот Анѓушев вчера изрази надеж дека за наредните две до три години ќе се изградат обновливи извори на енергија со инсталирана моќ од 350 мегавата, што е скоро колку капацитетот на сите постојни поголеми хидроцентрали во земјата.
Сите сакаме овој план и да се оствари, меѓутоа, ако се земе педвид што све во Македонија е изградено во текот на претходните две години, прогнозата звучи премногу оптимистичка.
Кај нас, г.Анѓушев, може ќе Ви биде смешно, и реконструкцијата на албанскиот театар на Бит Пазар трае повеќе од пет години, додека изградбата на училиштето во Мала Речица, која Премиерот Заев,на предизборниот собир за подршка на Теута Арифи, вети дека он лично ќе ја изгради(не со негови пари), сѐуште не е ни почната.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.