поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
4 јули, 2020
Од говорот на Али кај камениот мост, дури вчера дознавме колку либерален бил турскиот режим, што дозволил Гоце Делчев, питомец на војната академија во Софија, со бела капа на главата, во Кукуш да одржи говор пред Албанците.
*
5 јули, 2020
Ќе гласат на 15 јули, не само за тие што им ја пцујат мајката, туку и за Јанко Бачев ако треба, тие и нивните блиски, на кои Груевски и Заев по него, од буџетот на државата им давале и им даваат плата без да одат на работа.