Во најновото издание на ПОЕНТИ, Џевдет Хајредини пишува за апсурдната ситуација на земјава во поглед на судбината на СЈО, како и за цврстата прегратка на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ.
МАКЕДОНСКИОТ АПСУРД
Македонија во моментот се наоѓа пред апсурдна ситуација: Последниот услов да ја добие поканата од ЕУ за почеток на преговорите, потребно е да донесе закони со кои од гонење за извршени кривични дела ќе се ослободат сите функционери на двете партии кои скоро десет години беа во заедничка власт и државата ја втурнаа во длабока криза од која излезот не ќе беше можен без помошта токму на ЕУ и САД.
ПРЕГРАТКАТА НА ДУИ И ВМРО-ДПМНЕ
Сакам уште еднаш да истакнам дека е невозможно ДУИ И ВМРО да дозволат во Собранието да помине закон за јавното обвинителство, со кој не се исклучува можноста нивните функционери да одговараат за кривичните дела што ги извршиле додека биле во заедничка власт.
Овде не можат да помогнат, дури и да сакаат, ниту Могерини и Столтенберг, кои, инаку, своевремено едвај успееaја ДУИ да го одделат од ВМРО.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.