• Latest
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Хаотично заебавање

September 14, 2025 15:01
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ОЛИВЕР АНДОНОВ

Се извинувам за изразот „заебавање“, но ова што ни го прави Мицкоски веќе не е мајтап, туку највулгарно заебавање во мозок и тоа на сите граѓани на Македонија, онака колективно. Во оваа заебавање не сме исклучени ниту ние како членови на ВМРО-ДПМНЕ иако тоа божем ние членовите на нашата партија треба да бидеме третирани како бели мечки или така ни го претставува тоа Мицкоски за да членовите на партијата бидат уште повеќе заебавани. Но, ете кога владата на Мицкоски и самиот тој се заебаваат со целиот народ, ние од ВМРО-ДПМНЕ не сме малку повеќе народ, а тоа е добро, затоа што навистина и ние членовите на партијата сме смо Македонци. Во рамки на партијата има само еден мал дел кои се повеќе еднакви од нас останатите, а се нарекуваат клиентелисти или лојалисти. Не лојалисти на партиската идеологија туку лојалисти на ликот и не-делото на Мицкоски. Сите ние останатите членови на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ сме само оној дел од партијата кои Мицкоски со клиенталата го смета за глуп и чесен и секако лојален кон идеологијата на четирите свети букви ВМРО, а поради тоа и корисен за нив или како што самиот тој вели „корисни идиоти“ кои веруваат во патриотизмот и ја сакаат Македонија додека тој ќе се направи милјардер. 

А како тоа сите нас не заебава Мицкоски. Доколку тоа не сте го разбрале досега, еве неколку директни факти кои само последната недела ни се пред очи, па кој сака да ги види јасно може да ги види, а јас низ оваа колумна само ќе ве упатам кон нив и потсетам.

Најпрво, прославата на денот на НЕЗАВИСНОСТА во нормални држави, општества и демократски политички партии е ден на сите граѓани. А Мицкоски си направи најтесно партиска прослава во Филхармонија со само нему лојалните и одбрани партиски членови. Оние божем членови кои се или функционери (партиски и државни) или чекаат да станат функционери. Оние кои без нас останатите кои Мицкоски не заебава никогаш не би станале функционери. Оние кои без нашата партија ВМРО-ДПМНЕ не би биле никој и ништо во македонското општество. Оние на кои со нашиот веќе децениски партиски ангажман им овозможивме да се ставаат по ФБ и да се замислуваат дека се умни, способни и незаменливи. Оние кои заради на сите нас партиска посветеност дојдоа на разни функции од кои не гледаат од високо и на сопствените сопартијци кои не ги чувствуваат за блиски и свои гледаат со понижување, само затоа што се чесни и си ја сакаат Македонија. Оние на кои две нацртани овци да им дадеш да чуваат, три ќе изгубат, а што се гледа од фактичката состојба во која денес се наоѓа нашата држава скоро 14 месеци откако владата на Мицкоски ја „води“ државата. Оние кои се климоглавци и безидејни, подготвени заради зачувување на сопственото функционерско место да продат се, а најмногу идеологијата на ВМРО и сите членови на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Е пред таквите одбрани и помазани од него, Мицкоски си направи приватна забава (не ниту теснопартиска, туку токму приватна) на денот на сите македонски граѓани за кои се бореа генерации Македонци. Дури замислете каков безобразлук, тој во својот говор на шарени лаги внесе и елемент на дневна политика со семејни трагедии глумејќи политичка жртва. 

Второто заебавање ни го направи низ призмата на Претседателот на Републиката Силјановска. Едноставно си ја доведе и си ја седна во публика и таа да ги слушне неговите приказни за лека ноќ и ПР тенденции во однос на тоа колкава жртва бил на службите кои само нас од ВМРО-ДПМНЕ не следела. Патем да го прашам: „Христијан, а ќе каже ли јавно твоето другарче фалсификатор Бојан Христовски кои се претставува за директор на АНБ зошто ја следи активноста на Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација и нашите контакти“? или: „Кои за тебе пријателски служби директно ти се на линија и со кои интереси“? Но додека Мицкоски размислува како тоа нам од Фракцијата тоа ни е познато, а многу ни е познато дури и деталите ги знаеме, како на делување, уште повеќе на интересите кои се против интересите на Македонија, а најпрво да бидеме полноправна членка на ЕУ, ние да продолжиме со фактографијата на неговото сенародно заебавање. Силјановска не е за жалење, таа уста не отвори да се спротивстави на понижувањето (и не е сефте) кое „по протокол“ и го приреди Мицкоски за да на плебсот му покаже кој е главната фаца во македонското политикантство. А можеше. Затоа што прославата на денот на независноста треба да е под покровителство на претседателот на Републиката затоа што е ден на сите македонски граѓани. Затоа што овој ден, независноста на Македонија се прославува со сите граѓани на Македонија, на јавен не затворен простор и присуството треба да е слободно не партиски регулирано и со пригодна програма. Обраќањето на Претседателот на Републиката треба да биде промотивно, обединувачко, патриотско со конкретни и надежни пораки за иднината и нашето членство во ЕУ. Но ништо од тоа, Силјановска си избра да си молчи, а Мицкоски да раскажува сказни за добра ноќ како нацијата да е исклучиво на ниво на мало дете. Секако, да не заборавам, тоа заебавање на Силјановска, а преку неа и на сите нас (сепак Претседателот на Републиката е Претседател на сите граѓани, без оглед на тоа што Мицкоски си ја избра, почнувајќи со кршење на Статутот на партијата), продолжи во контекст на сега веќе приоритетниот интерес на Мицкоски „дека бил објект на следење од страна на службите за безбедност во 2021 година“. Имено, онака како божем случајно Николоски и препорачува на Силјановска да влезе во АР и да се позанимава со „дувлото“ кое е таму и кое работи против нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Немам намера во оваа колумна да ги објаснувам законските одредби и моделите за демократска контрола на службите за безбедност, кратко ќе кажам дека кај нас во Македонија ниту нашите од ВМРО-ДПМНЕ, ниту оние од СДС (мислам на раководствата политикантски) не сакаат да има вистинска демократска контрола на безбедносните служби. Токму спротивно, сакаат да глумат контрола (како што можеме да видиме), а во пракса тие да ја имаат политичката контрола и со тоа моќта на службите и тоа заради личен интерес а против сопствените граѓани. Впрочем, зошто за директор на АНБ, Мицкоски си го постави Христовски со сите негови фалсификати (кривични дела)? За да го има под контрола него а преку него и АНБ, а таа контрола да биде заради спроведување на матни политикантски активности од личен и политички интерес, а не од интерес на сигурноста на сите граѓани. И токму ја најдоа Силјановска да ја повикаат да влезе во АР. Тамам е, нека го стори тоа и да заврши со и така никаквата претседателска кариера. Подобро да гали кутриња и да ужива во своите возрасни денови во вилата во Охрид. Тоа што преку неа Мицкоски не заебава сите нас, за тоа самите сме си виновни, посебно членовите на нашата ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе ја демократизираме партијата нема да трпиме вакви резили и заебанции.

Третиот факт кој јасно ни покажува дека Мицкоски не заебава е експлозијата на српскиот свет во Македонија. Замислете, нашето министерство за надворешни работи (Тимчо, пак Статива), односно владата на Мицкоски дале одобрение за прослава на денот на српското знаме и пробојот на Солунскиот фронт (како што го викаат Србите инаку во историјата е познат како Македонски фронт) токму на 7-ми Септември, или в очи на денот на независноста на Македонија. И ви пишував во минатата колумна токму за тоа колку сме зависно независни и тоа токму од Белград. Кога ете директна потврда и уште „браќата“ Срби од ниво на министри во нивната влада не застануваат со провокации. Дури и на оние малку и неофицијални реакции во Македонија за овој намерен безобразлук и меѓународно понижување на Македонија и Македонците тие уште пожестоко одговараат на социјалните мрежи со потполни историски невистини (каде е сега Заветната на Мицкоски или гласот на нашата партија). Е сега Мицкоски да видиме кога ќе им дозволиш да целокупното црковно-историско наследство во Македонија го прогласат за српско и со тоа да се пораздолжиш кај менторот ти Вучиќ. Инаку, за неинформираните оваа барање е веќе пристигнато до владата на Мицкоски, но благодарение на поедини Македонци и свесни луѓе и патриоти  сеуште не е дојдено до дефинитивно решавање на барањето. Затоа пак Стоиљковиќ ќе врши притисок и во координација со Мицкоски ќе не подготвува за овој чекор. Тоа и е причината за организација на двоен настан на српската држава во Македонија и тука е една голема дилема за која македонските граѓани сериозно треба да размислуваат. Прво, краен безобразлук е денот на знамето да се прославува во туѓа држава. Второ, Македонскиот фронт е пробиен на 30-ти Септември 1918 година, па оттука е многу интересно и за размислување (доколку некој сака да размислува, бидејќи тоа е многу тежок процес) зошто цели три недели пред овој воено-историски настан од Првата Светска Војна владата на Мицкоски одобрила на српската влада да прославува во Македонија. Доколку ова не е заебанција врз целата нација од страна на Мицкоски незнам што е? Можеби неукост или глупост на Мицкоски? Можеби Мицкоски ќе ни одговори за што точно се работи од овие две работи.

И тука не е крајот на заебавањето од страна на Мицкоски во текот на минатата недела. Тој нас не заебава и преку односот кон МПЦ-ОА. Србите во занесот на нивната прослава во Македонија, пардон, Стара Србија, Јужна Србија – Вардарска Бановина, си донеле и свештеник и тоа воен свештеник кој си извршил чинодејствија (помени и служби) на српските воени гробишта во Битола и во капелата на Кајмакчалан а при тоа ниту го информирал ниту се јавил да побара дозвола од надлежниот Митрополит, во овој случај Петар. Е тако ли бре брача Срби признајете нам аутокефалију? Да не се пишман Србите за автоќефалијата па сега сакаат да биде пу, пу, не важи? Ама неможе да неважи, тука нема врќачка. Се заврши тоа. Сега по оваа заебанција со амин на Мицкоски, Синодот на МПЦ-ОА треба да реагира итно и тоа во две насоки. Прво, кон владата на Мицкоски заради нарушување на суверенитетот, независноста и интегритетот на Македонија и на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на Србија (бидејќи Мицкоски, неговата влада, посебно Стоиљковиќ целосно биле запознаени со програмот на српската влада за прослави во Македонија) и второ, со директно писмо до Српскиот Патријарх Порфириј најјасно укажувајќи му дека треба јавно да се извини за тоа што негов клирик без знаење на Архиепископот Стефан и Митрополитот Петар вршел свештенодејствија на туѓа канонска територија. По една ваква заебанција, единствено една јавна реакција на Синодот на МПЦ-ОА може да ни даде надеж дека македонската независност еден ден ќе се врати вистински. Тоа што Милица заветница и бата Гаша тресеа и јавно покажуваа Големо Српски тенденции кон Македонија и тоа во Македонија, а оваа првата тоа го прави во продолженија на социјалните мрежи, е прашање кое владата на Мицкоски треба да го решава. Тоа што нема да има храброст Мицика да го решава ова прашање е веќе прашање за нас како граѓани, но уште повеќе за нас како членови на ВМРО-ДПМНЕ. И секако оваа акција на Големо Српскиот занес на територија на Македонија имаше и регионален карактер и влијание. На Кајмакчалан се пееја српски патриотски песни од пејачи облечени во црногорска народна носија. Подобро прикажување на тоа каде се границите на срспкиот свет и што се опфаќаат да баравме немаше да ни покажат. Но ни покажаа уште една работа, а тоа е дека Македонија навистина е ПРОКСИ територија како што неодамна напишав во еден мој научен есеј. Е тоа сме благодарение на Мицкоски и неговото заебавање на целата нација.

И за крај, Мицкоски не заебава и секого од нас лично. По неговиот говор – раскази за добра ноќ пред неговите помазани лојалисти на нас останатите ни порача јавно преку социјалните мрежи дека тој има деца, а ние останатите веројатно смета дека имаме мајмуни дома. Во добро познатиот негов манира за односот кон неговите деца ни кажа дека веднаш откако ја исполни формалноста да одбележи нешто околу божем независноста на Македонија тркна до Будимпешта и Португалија со децата на два дена расхотка и за тоа ни се пофали без срам и перде додека најголемиот број наши сопартијци и најголемиот број на наши сограѓани едвај составуваат крај со крај. Затоа ние веројатно немаме деца, ама Мицкоски има деца (да му се живи и здрави) и треба да им се посвети со полно внимание на татковска љубов, за која ние сите треба да бидеме информирани за да ни се прикаже во светло на грижлив родител, а во ПР цели. Е па сега прашајте се кој злоупотребува деца во политикантски цели (како и она дека ги следеле службите за безбедност и тоа во еден ден) и каков е тој ПР кој треба да му го крене рејтингот пред локалните избори.

За оваа свињарија, заебанција со загадувањето, пожарите во Дрисла, Вардариште, Нулта отпад и насекаде, треба посебна колумна и за тоа ќе замолам некого од членовите на Внатрепартиската фракција кои се експерти од областа да напишат една стручна колумна. Јас може да кажам дека тоа е заебанција директно врз здравјето на Скопјани, а обидите за префрлање на вината врз некои подметнувачи, како и тропањето на Стојанче е само во функција на зголемувањето на заебанцијата која ни ја прави Мицкоски кој мисли дека македонските граѓани а посебно чесните и искрени партиски членови се до толку глупави што со изјавите недоветни на членови на неговата влада и на еден Стојанче ќе може да ги заебава до бесконечност и да ја покрива сопствената неспобност. И ќе ни објаснуваат дека се работи за хибридни напади. А и доколку се работи за хибридни напади, повторно се поставува прашањето: „Зошто не сте ги спречиле нападите и какви ви се превентивните мерки за да не заштититњ и нас граѓаните и државата Македонија“?

Исто така, и заебанцијата со Кривичниот закон е посебна тема за една опсежна колумна, но да не заборавиме дека токму нашите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ дадоа кворум на СДС (тогаш Ковачевски) за промени на Кривичниот закон во член 353 со што илјадници сериозни предмети станаа беспредметни и на штета на сите нас. Патем по 14 месеци влада на Мицкоски и наше мнозинство во Собранието, Мицкоски сеуште не го менува Кривичниот закон, онака случајно. Па каква заебанција е тоа само оној кој не е пристрасен и кој е чесен може да ја види иако се гледа од авион.

И тоа што е најинтересно во оваа заебавање кое Мицкоски ни го прави и колективно и поединечно, тоа е хаосот кој го продуцира. Затоа и насловот на колумната е „хаотично заебавање“.

Тој, Мицкоски е самиот во хаос затоа што неговите лични лукративни цели не се во согласност со македонските национални цели, а при тоа за него неговите лукративни цели се приоритетни и тоа што неможе побргу да ги реализира го прави нервозен. И не само нервозен, туку како докажан политички дустабанлија тој е и исплашен и несигурен особено кога своите лаги и заебавање треба да ги направи пред масовна и непроверена публика. Ете ја и логиката поради која прославата на денот на независноста се одржа во строго контролирани услови и зошто веднаш по таа формалност побегна во Унгарија глумејќи грижлив родител. Патем сите останати заебанции се дел од неговиот ментален склоп да ни покаже колку е тој важен и голем, а всушност се работи за ситна душа оптеретена со прашањето како да украде што повеќе од нашите пари и како за тоа да не одговара.

Оттука, имам некое чувство засновано врз фактичката состојба и тенденции дека оваа заебавање кое ни го прави Мицкоски многу бргу ќе премине во повисок стадиум на односи со нацијата и ќе не …. Време е за реакција како граѓанска така и вантрепартиска и покрај узурпираната партија, телата и органите, и покрај украдената кауза на ВМРО од страна на Мицкоски и неговите лојалисти.

Најголема закана (па дури и хибридна) за Македонија е Мицкосвски и неговото хаотично заебавање на целата татковина.


Текстот е личен став на авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share45Tweet28Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Хаотично заебавање

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ