• Latest

Хелсиншки: Условите во затворите во земјава видно подобрени, но и со стари проблеми

September 30, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хелсиншки: Условите во затворите во земјава видно подобрени, но и со стари проблеми

Има најава од Управата за извршување на санкции дека и тоа одделение ќе биде урнато, а затворениците ќе бидат трансверирани. Проблемите кои опстојуваат се субстандарните услови во затворените одделенија во „Идризово“ и во машкото и во женското одделение, истакна Пировска.

September 30, 2019 15:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Намалување на пренатрупаноста во затворите, отвореност и слободен пристап во објектите на казнено-поправните домови од страна на НВО и медиумите, уривањето на озогласеното одделение  „Школарци“ во КПУ Идризово, покажува извештајот за состојбата за условите во Казнено-поправните домови спроведен од Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамките на проектот „Живот зад решетки“ поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија.

Претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска рече дека иако има видно подобрување во однос на условите во затворите сепак се уште има проблеми во затвореното оделение во „Идризово“ во кое се наоѓаат најголем број затвореници, меѓу кои има и осудени на доживотен затвор.

-Има најава од Управата за извршување на санкции дека и тоа одделение ќе биде урнато, а затворениците ќе бидат трансверирани. Проблемите кои опстојуваат се субстандарните услови во затворените одделенија во „Идризово“ и во машкото и во женското одделение, истакна Пировска.

Според извештајот, вели таа, пренатрупаноста и рецидивите најмногу се должат на тоа што осудените лица ниту работно се оспособуваат, ниту пак посетуваат образование. Пировска појаснува дека не се води сметка и за сместувањето на затворениците, односно дека е потребно сместување според кривичните дела.

-Пренатрупаноста може да ни се повтори поради проста причина што се уште сме сведоци на тоа што судовите многу ретко одлучуваат да применат алтернативни мерки. Тоа го нотираме последните осум години, рече Пировска.

Проект кординаторот во Хелсиншкиот комитет во Скопје, Сибел Амет истакна дека во затворите постои проблемот со здравствената заштите која се пружа на затворениците. Според неа, проблемот е недоволната комуникација меѓу министерствата за правда и здравство.

-Наидовме  на ситуација каде што нема доволно лекарства, каде што добар дел од затворите немаат постојан затворски лекар. Од тие причини најчесто се случува лицата да бидат упатувани прекасно надвор од установата за да добијат соодветна здравствена заштита, што директно влијае врз нивната здравствена состојба. Ние предлагаме координирано преземање на законската обврска на Министерството за здравство за пружање на здравствена заштита на лицата лишени од слобода, рече Амет.

Од Хелсиншкиот комитет посочија и на лошите услови на затворските работници за кои, како што рекоа, имаат смешни плати, а најголемиот дел од животот го поминуваат во казнено-поправна установа.

Пировска имаше забелешка и на назначувањето на раководните лица во КПУ, за кои рече дека треба да се лица кои имаат работно искуство во затворите.- Во континуитет ни се случува да се избираат директори на затвори кои што немаат поим за тоа што значи затвор и со каква популација треба да се соочат и да работат, рече Пировска.

Истражувањето на Хелсиншкиот комитет  е спроведено во периодот од февруари до септември во 10 од 11 казнено-поправни домови. Спроведено е според методологија која се базира врз основа на постоечки меѓународни стандарди во поглед на заштитата на човековите права на лицата лишени од слобода. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ