Ликот на активистката против ропството Хериет Табмен ќе го замени поранешниот американски претседател Ендрју Џексон на банкнотата од 20 долари, најави администрацијата на Џо Бајден.
Банкнотата со Хериет Тубман, родена како робинка во 1822 година, првично требаше да биде реализирана минатата година, но беше одложена за време на претседателот Доналд Трамп, кој ја опиша како „чиста политичка коректност“.
Бајден повторно го покрена процесот, а портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека Министерството за финансии бара начини тоа да се забрза.