Графичкиот дизајнер и активсист Зоран Кардула 11 август го одбележа со илустрација од серијата „Хероините на Југославија“, потсетувајќи на еден друг 11 август далечната 1945 година кога жените во тогашна Југославија се избориле за право на глас.
„Југославија во војната изгуби 1.700.000 жители од кои 600.000 жени, Во Народно ослободителната војска се бореа 110.000 жени а загинаа 25.000, 40.000 ранети а 3.000 неспособни за работа, 2.000 станале официри, Партизанска споменица 1941 година добиле 3.344, а народни хероји на Југославија 91 жена“, пишува Кардула на Фејсбук.
Сите илустрации од „Хероините на Југославија“ можете да ги погледнете на следниот ЛИНК