Универзитетскиот професор, Хисни Исмаили, кој доаѓа од Тетовскиот универзитет ќе го управува Министерството за култура , објави Алсат повикувајќи се на ексклузивни информации од Владата.
Пред еден месец од министерството за култура оставка си даде Асаф Адеми.
Адеми тогаш рече дека одлуката ја донеле заедно со Гаши, појаснувајќи дека на 22 април побарал од лидерот на партијата да се повлече поради здравствени причини.
Според најавите на Владата, во текот на денешниот ден јавноста ќе ги дознае имињата на сите осуммина министри.