• Latest

Хјуман рајтс воч: Изминатата 2023 година беше ужасна за човековите права во светот

January 12, 2024

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Хјуман рајтс воч: Изминатата 2023 година беше ужасна за човековите права во светот

January 12, 2024 11:12
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Изминатата 2023 година беше ужасна година за човековите права ширум светот, забележува организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ во својот годишен извештај за состојбата со човековите права ширум светот, пренесоа светските агенции.

Од Појасот Газа до Украина и Судан, во 2023 година беше забележано влошување на човековите права ширум светот, соопшти организацијата во документ од 700 страници објавен вчера, пренесе МИА.

Во извештајот се следи ситуацијата во речиси 100 земји во светот. Во него се наведени огромните страдања предизвикани од војната меѓу Израел и Хамас, од војната меѓу двајцата ривалски генерали во Судан или од тековниот конфликт во Украина, како и од конфликтите во Сахел, во Етиопија и во Мјанмар.

„Во 2023 година, цивилите беа цел, нападнати, убивани во размери без преседан во модерната историја на Израел и Палестина“, се вели во документот. Во него се обвинува Хамас за воени злосторства за неговиот невиден напад врз Израел на 7 октомври, како и израелските сили за репресија врз населението во Газа.

„Во однос на Газа, едно од најважните злосторства извршени таму е колективното казнување на сите цивили, што е воено злосторство, како и фактот за изгладнување на населението“, истакна шефот на Хјуман рајтс воч, Тирана Хасан.

„Надвор од Газа, ние ги документиравме вознемирувачките трендови за човекови права во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка кои, ако не се контролираат, ќе го втурнат регионот во дополнителна нестабилност, со сите меѓународни последици од сето тоа“, вели Лама Факих, шефица на ОН одговорна за тој регион, кој, како што рече, „сега крвари“.

Хјуман рајтс воч исто се осврнува и на масовните прекршувања на правата на цивилите во Судан од страна на двајцата ривалски генерали Абдел Фатах ал-Бурхан и Мохамед Хамдан Дагало, критикувајќи ја неказнивоста што доведе до повторувачки циклуси на насилство во земјата веќе 20 години.

Настрана од вооружените конфликти, невладината организација го забележа влијанието на катастрофите поврзани со климатските промени во 2023 година, која беше најтоплата година досега од водење таква статистика.

Во извештајот се истакнува дека 2023 година не беше само година на потиснување на човековите права и воени злосторства, туку и на „селективен гнев од страна на владите и трансакциска дипломатија“.

Извештајот особено ја критикува Европската унија, чиј надворешнополитички приоритет е по секоја цена да го запре приливот на мигранти во Европа, со што ќе се овековечи погрешниот пристап што ја разоткрива ерозијата на обврските на блокот за човекови права.

Исто така, наведени се и двојните стандарди околу војната во Газа, брзата и оправдана осуда од многу земји за нападите од Хамас на 7 октомври, но многу повоздржаните одговори, особено од САД и ЕУ, на бомбардирањето на Газа од Израел.

„Хјуман рајтс воч“ го опишува меѓународниот систем за човекови права како загрозен.

„Видовме дека институциите можат да се мобилизираат за да се спротивстават и да се борат“, нагласи Тирана Хасан, мислејќи на налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд против рускиот претседател Владимир Путин.

И за време на прес-конференцијата во седиштето на ОН, таа исто така ја истакна борбата на авганистанските жени и девојки како модел на надеж која не е изгубена.

„Додека талибанците се обидуваат да ги избришат жените од авганистанското општество, видовме жени и девојки како излегуваат на улица. Овие жени и девојки се подготвени да ризикуваат апсење од талибанците“, додава шефицата на Хјуман рајтс воч.

„Никој не може да ја напушти каузата и само да ги крене рацете кон небото велејќи дека човековите права не се важни“, додава таа.

Организацијата ја пофали Јужноафриканската Република за обидот да добие пресуда од Меѓународниот суд на правдата за тоа дали Израел извршил геноцид во Газа. Шефицата на Хјуман рајтс воч додаде дека другите земји, вклучително и САД, треба да ги поддржат активностите на Јужна Африка и да се погрижат Израел да ја почитува одлуката на судот.

Извештајот ги прикажува САД и ЕУ како ги игнорираат своите обврски за човекови права во корист на политички експедитивни решенија.

„Американските сојузници како Саудиска Арабија, Индија и Египет ги кршат правата на нивните народи во голем обем, но тие не мораа да ги надминат пречките за да ги продлабочат своите врски со САД“, се вели во документот.

„Виетнам, Филипините, Индија и другите земји кои САД сакаат да ги направат противтежа на Кина беа добредојдени во Белата куќа, без оглед на кршењето на човековите права што го прават дома“, се додава во документот.

Во него се наведува дека ЕУ ги заобиколува своите обврски за човекови права за барателите на азил и мигрантите, особено оние од Африка и Блискиот Исток, со склучување договори со владите што ги злоупотребуваат човековите права, како што се Либија, Турција и Тунис, за да ги задржи тие мигранти надвор од европски блок.

Некои национални лидери се наведени во извештајот како примери за вознемирувачки тенденции. „Демократијата во Индија се гледа како лизгање кон автократија под премиерот Нарендра Моди. Тунискиот претседател Каис Сајед го ослабна судството. Салвадорскиот претседател Наиб Букеле го користи методот на масовни притворања како привидно решение за борба против криминалот“, се вели во извештајот.

„Претседателот Џо Бајден покажа мала подготвеност да ги повика на одговорност за кршењето на човековите права оние кои се од клучно значење за неговата домашна агенда или се перцепирани како бедеми на Кина“, се додава во годишниот извештај на „Хјуман рајтс воч“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ