• Latest

Хоџа: Немаме информации дека за Косово е потребен ПЦР тест

December 23, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хоџа: Немаме информации дека за Косово е потребен ПЦР тест

December 23, 2020 13:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата нема информација дека за влез во Косово е неопходен ПЦР тетст, соопшти денеска портпаролот Муамет Хоџа.

Доколку таква информација пристигне, јавноста, рече Хоџа, ќе биде веднаш информирана.

-Се уште официјално не сме известени дека за Косово е потребен ПЦР тест. Немаме известување за ваква одлука од страна на Косово или од нашите власти. Ако има ваква одлука, нашата јавност ќе биде информирана. Владата нема донесено ниту одлука за реципроцитет за државјаните на Косово, истакна Хоџа на прес-конференција во Владата.

Неговиот колега, портпаролот Душко Арсовски, соопштувајќи дел од одлуките донесени на вчерашната владина седница, рече дека е дополнета Одлуката за спречување на ширењето на КОВИД-19, со што секој патник од Велика Британија кој влегува во земјата на кој било граничен премин, задолжителниот карантин во домашна изолација треба да го спроведува врз основа на изјава која ќе ја пополни на граничниот премин при влез во земјата, а патниците кои транзитираат, ќе имаат обврска земјата да ја напуштат во рок 24 часа.

Арсовски информира и дека покрај ова, Владата ги прифати предлозите на Министерството за одбрана и на Министерството за труд и социјална помош за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана, кои се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19, како и на вработените од Специјалниот завод за лица со попреченост во Демир Капија, кои во грижата за штитениците во заводот неколку недели беа вон своите домови.

На седница, рече Арсовски, Владата ја измени и дополни Одлуката за одобрување средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висина од 26.868.500,00 денари на јавни комунални претпријатија кои се членки на Здружението на комунални дејности при Стопанската Комора на Македонија за поддршка на нивното работење како еднократна финансиска помош со цел надминување на тешката материјална состојба на вработените во претпријатијата во рамките на владината КОВИД програма.

На седницата се утврдени и текстовите на пакет предлозите на закони за управување со отпадот во согласност со регулативата на ЕУ, со кои целосно ќе се имплементираат принципите на циркуларна економија во управувањето со отпадот.

-Владата ги утврди текстовите на предлог законите за управување со отпадот, на законот за проширена одговорност на производителот во управувањето со посебни текови на отпад, на законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, на предлог законот за управување со дополнителни текови на отпад во системот за проширена одговорност на производителите, на предлог законот за управување со пакување и отпад од пакување, како и на предлог законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, нагласи Арсовски.

Според него, суштинските придобивки од законските решенија се зајакнување на обврските за производителите и колективните постапувачи, како и општините за да се обезбеди потребното селектирање на отпадот; воведување хиерархија во постапувањето со отпадот, утврдување на статус на секундарните суровини и укинување на статусот на отпад за производите кои можат да се реискористат, рециклираат и преработат за да не завршуваат на депонииите; воведување финансиска одговорност за производителите на пакување, батерии и акумулатори, електричен и електронски отпад, како и сосема нови текови на отпад со искористени возила, отпадни масла, отпадни гуми и текстил; и е предвидена забрана за пластични ќеси, еколошки дизајн на пакувањата и можности за кауција и стимулација на повратна амбалажа, се наведува во соопштението.

Согласно дел од овие законски решенија, кои ќе бидат доставени на усвојување во Собранието, одговорноста за целиот циклус на отпадот од производство до рециклажа е на производителот, а граѓаните ќе бидат задолжени да вршат селекцијата на отпадот. Општините, пак, заедно со колективните постапувачи ќе имаат јасни обврски да им ги овозможат сите неопходни услови за селекција на отпадот на сите граѓани.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ