Премиерот на Косово, Абдула Хоти, најави дека во понеделник во Брисел ќе се сретнат со српската партија, за да преговараат за конечен договор за меѓусебно признавање и нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
„Според заложбите кои сме ги дале на Самитот во Париз, на 10 Јули 2020, како и поддршката која сме ја добиле од претседателот Макрон и канцеларката Меркел, во понеделник во Брисел ќе се сретнеме со српската партија за да преговараме за конечен договор за меѓусебно признавање и нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Договор се постигнува само кога се затвора со меѓусебно признавање. Нема да има среден договор, парциален или креативен кој не го решава проблемот засекогаш“, напиша Хоти на сфојот Фејсбук профил.
А. Зеќири