• Latest

Хрисохоидис-Заев: Поддршка за аспирациите кон ЕУ и развој на соработката

February 26, 2021
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хрисохоидис-Заев: Поддршка за аспирациите кон ЕУ и развој на соработката

February 26, 2021 17:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска се сретна со Михалис Хрисохоидис, министер за заштита на граѓаните на Хеленската Република.

На состанокот е заеднички констатирано дека е отворено ново поглавје во билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Хеленската Република и оти во последниве две години соработка меѓу државите оди во нагорна линија.

 

„Оценето е дека се чувствува напредок во нашата држава, при што е посочено на придонесот на премиерот Заев во посочените развојни процеси. Во таа насока, пренесена е пораката дека Хеленската Република продолжува да ги поддржува аспирациите на нашата држава кон Европската унија, во рамки на важечките договори и добрососедските односи и дека има определеност Хеленската Република да има водечка улога на патот на земјава кон ЕУ. За таа цел, соопштено е дека има политичка поддршка, но и заинтересираност за техничка поддршка на тимовите од Северна Македонија коишто ќе работат на поглавјата во рамки на пристапниот процес кон ЕУ“, соопштија од владината прес-служба.

Премиерот Заев посочил на придобивките од развојот на добрососедските односи помеѓу двете држави, како што е зголемениот интерес на грчки инвеститори во нашата држава, посебно во областа на енергетиката, како што е интересот за ХЕЦ Чебрен, за ТЕЦ Неготино, или обратно, вклучувањето на нашата држава со 10-процентно учество во стратешкиот проект за природен гас Александрополис.

„Граѓаните и компаниите веќе ги чувствуваат бенефитите од зајакнатата соработка по Договорот од Преспа, а пред нас е голем потенцијал за натамошно унапредување на односите, како на политичко ниво, така и на цивилно ниво“, рекол премиерот Заев се наведува во соопштението.

 

На состанокот биле нагласени заложбите за интензивирање на соработката помеѓу МВР и Министерството за цивилна заштита на Хеленската Република, преку денешната размената на планови и идеи, со цел заедничко дејствување во борбата против криминалот и корупцијата, нелегалната миграција, безбедноста на граѓаните. Било посочено и на посветеноста кон отворањето два гранични премина кај Преспа, Маркова Нога и Мајден. Како пример за меѓусебната доверба, стои во соопштението, била истакната и соработката насочена кон заштитата на интегритетот на воздушниот простор на земјите членки на НАТО и склучениот технички аранжман помеѓу министерствата за одбрана на двете држави.

На средбата било разговарано и за меѓусебната помош и поддршка во справувањето со последиците од пандемијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ