• Latest

Хуманитарниот и еколошкиот аспект на #ЕлкаМК

December 20, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хуманитарниот и еколошкиот аспект на #ЕлкаМК

December 20, 2018 15:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Твитер заедницата традиционално од 2011 година креира елка за новогодишните празници од пластични шишиња за подигање на еколошката свест кај граѓанките и граѓаните за потребата од рециклирање.

„Самата иницијатива #ЕлкаМК е и доста забавна затоа што се пријавуваат луѓе од различни возрасти. Дури и од другите градови во Македонија праќаат шишиња. Шишињата ги собираме по пунктови низ Скопје, ги складираме, ги делиме по боја и големина. Овие активности се во сабота, а во недела ја правиме елката… Оваа година „Мелем“ архитекти ќе ни помогнат во градењето на елката. Тие имаат веќе проектирано два типа на елки. Едната идеја е елката да биде направена од  1200 шишиња, а другата, доколку собереме толку, од над  3400 шишиња… Голема работа завршува „Пако Мак“ кои на крајот на работата ги собираат шишињата, а парите, со кои ги откупуваат, ги донираме за хуманитарни цели“, вели твитерџиката Мила Тасевска (@mila_la) во разговор со ЦИВИЛ Медиа.

Таа нагласи дека донациите се обично од едукативен карактер, онаму каде што се потребни.

Настанот е предвиден за 22 и 23 декември, сабота и недела. Во сабота со почеток од 11 часот до 14 часот собраните шишиња ќе се остават на следните пунктови: Лептокарија, на коцката пред Ревија, влезот на трговскиот центар Беверли Хилс, ТЦ Бисер, Порта Влае, пред Баду и кај Универзална сала. Во недела со почеток во 11 часот елката ќе се издигне во парк Форум, кај Котур, зад Рекорд.

Твитер заедницата ги поканува сите совесни граѓанки и граѓани да им се придружат и да се приклучат кон акцијата која претставува креативен начин на очувување на средината во која живееме.

Биљана Јордановска

Фотографија: Ангела Петровска

Tags: #ЕлкаМкМила Тасевскарециклирањетвитер заедницахуманост
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ