• Latest

И пчелниот воздух корисен за здравјето на луѓето, АПИ комори и во Македонија

July 14, 2018
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен: „Компромис од Севиља“ за затворање на инвестицискиот јаз за развој на светот

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на Kanal13

Русија привремено го затвори Кримскиот мост поради експлозии во Керч

June 30, 2025
Белград, протести. Фото: Скриншот

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за ситуацијата во Србија?

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И пчелниот воздух корисен за здравјето на луѓето, АПИ комори и во Македонија

July 14, 2018 10:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По медот, поленот, прополисот…, веќе познати корисни производи од пчелата, и воздухот што го создаваат околу нивните сандачиња е лековит. Таканаречената „Air therapy“ се спроведува во специјални АПИ комори кои веќе се отворени и во Македонија. Покрај Русија, оваа терапија се користи и во Германија, Бугарија, Австрија, Словенија и Босна и Херцеговина. Полезна за секој, а особено за белодробни заболувања.

пчелар

Ѓорги Златинов, пчелар од Скопје, кој се занимава четири години со пчеларство ги отвори првите Апи комори во Македонија. Идејата, вели, дојде од моја блиска драга личност, која истражувајќи по интернет го пронајде видеото во Русија каде беа прикажани неколку АПИ Комори, а потоа заеднички следуваа натамошни истражувања и реализација на инвестицијата што чинеше над 600 илјади денари.

– Изградивме две Апи Комори, а целата идеја ја реализиравме за краток период од една година. Лани почнавме со поставувањето на темелите и со интензивно работење успеавме да ги отвориме пред три недели, истакнува Златинов.

апи комори

АПИ Комора, како што ја појаснува тој, е цврст објект во кој се сместени сандачиња со пчели, во кои се инхалира воздухот. Објектот е направен од природен материјал, заштитен со еколошка боја. Вдишување на воздухот е директно од сандачето со пчели, и да не постои недоразбирање, пчелите не можат да влезат внатре тие излегуваат надвор преку својата врата и така нормално функционираат.

На сандачињата се наоѓаат инхалатори преку кои се врши инхалација. Ширината е доволна за да може комотно да се седне и да се престојува.

Во АПИ комората може секоја да влезе и да биде корисник на оваа терапија. Златинов истакнува дека со инхалацијата  се вдишуваат матичен млеч, полен, нектар, прополис, перга, мед.

апи комори

– Тоа е една мала лабораторија каде испаруваат етерични масла од сите тие пчелни производи. Прополисот кој пчелата го носи е најако антибактериско средство во природата.Таа со прополисот кој го носи во кошницата врши дезинфекција на просторот во која живее. Секоја ќелија во која се полагаат млади јајца, која ги полага матицата мора пред секоја употреба да биде прополисана која пчелата го донела од природата, посочува Златинов.

Лечење со воздухот од кошницата AIR THERAPУ за респираторни болести

Во поголем број земји постои здравствен третман познат како AIR THERAPУ – терапија со воздух од кошница која има успешни ефекти во лечење на многу респираторни боелсти. Пчелите со своето движење и работа во кошницата произведуваат аеросол, кој содржи етерични масла, прополис, мед и восок, матичен млеч, перга, ароматични материи и фитонциди од цветовиот нектар и восокот што се испарува од кошницата и го дезинфицира воздухот во пчеларникот до 200 метри.

апи комори

– Воздухот во кошницата ги стимулира органите за дишење, желудачно цревен и кардиоваскуларниот и нервниот систем. Аеростимулансите од кошницата ја подобруваат работата на белите дробови и го подобруваат имунитетот, вели Златинов.

Тој додава дека кога АПИ Комората работи, кога се активни пчелите тоа значи дневно најмалку 1000 положени јајца и исто толку оброци матичен млеч.

– Пчелата внесува полен, внесува нектар, произведува восок, перга, произведува мед и се се работи во една мала лабораторија каде испаруваат етеричните масла од сите тие пчелни производи.  Специфичност на воздухот е тоа што сите тие етерични масла се ослободуваат и одат во природата и се шират и до 200 метри околу пчеларникот. Предност во инхалирањето е што тој воздух ние го внесуваме во белите дробови таму каде што ни е потребен, истакнува Златинов.

апи комори

Според него терапијата е препорачлива за болни од бронхиална асма, бронхитис, алергија на полен,  хронични белодробни заболувања, ослабен имунитет, хронични главоболки, мигрени, стрес, депресија.

Златинов појаснува дека инхалациите се прават двапати по 25 минути со пауза од  40 минути. Следна е после 48 часа. Подобрувања треба да се почувствуваат после пет третмани, а, според него, препорачливо е да се напрват пет третмани во период од 10 дена.

апи комори

АПИ Коморите се наоѓаат во општина Сопиште помеѓу селото Нова Брезница и Браната Козјак во местото Рудина, во преубава природа и чиста средина.

апи комори

Златинов вели дека почнал како хоби, но интересот и љубовта кон пчелите се повеќе растела. Сака да се развие пчеларскиот туризам, како и во поразвиените земји.

Сузи Котева-Стоименова за МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Едногодишен помен

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ