• Latest
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025 13:53
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ МЕДИА започна серијал  на тема „НАТО лидерски самит 2025: Предизвици и перспективи“ во кои релевантни соговорници, експери во областа на геополитиката, безбедноста, одбраната и членството во НАТО одговараат на прашањата за предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг, зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година и  единството на Алијансата во претстојниот период.

Своите ставови по овие прашања, ексклузивно за ЦИВИЛ МЕДИА ги сподели Сашо Орданоски, доктор по комуникации и политички науки кој има работено на големи регионални и меѓународни иницијативи во медиумските и антикорупциските напори. Предава на Универзитетот на Југоисточна Европа и на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а зад себе има над 40 години искуство во новинарство, односи и комуникации со јавноста.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг?

САШО ОРДАНОСКИ: Со доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп на власт, предизвиците за НАТО Алијансата е како во наредните години да го одржи неопходното ниво на единство и координација во самата Алијанса под притисок на непредвидливоста и хаотичноста во надворешната и одбрамбената политика на САД.

И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО и покрај огромните политички, економски, социјални и низа други последици врз европскиот континент заради руската агресија врз Украина.

Со оглед на четиригодишното војување во Украина, НАТО треба да ги прилагоди сите свои воено-политички стратегиски предизвици врз база на искуствата од овој конфликт.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со кои предизвици се соочува иницијативата за зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година?

ОРДАНОСКИ: Зголемувањето на трошоците за одбрана е стара тема во НАТО, иако со Трамп на власт во САД таа стана ургентна точка на дневен ред на Алијансата. Поттикнати од агресијата на Русија врз Украина, во Европа е веќе започнат нов процес на вооружување и опремување на главните европски членки на НАТО, а од историјата знаеме дека менувањето на овој вид на одбрамбени политики можеби оди споро, но потоа тешко и сопира во децениите што следат. Воената машинерија на земјите членки на НАТО е моќна, а европскиот воено-индустриски комплекс ниту заборавил да произведува модерни воени средства, оружје и опрема, како што не заборавил да води војни.

Комплексна е анализата за тоа што претставуваат тие 5% од ГДП на секоја земја-членка, бидејќи во тој процент влегуваат и трошоци, како цивилни развојни и производствени програми кои имаат одбрамбени потенцијали, развојот на дигиталните технологии или вложувањата во транспортно-логистичките коридори кои не мора автоматски да се директни буџетски средства наменети стриктно за одбраната.

На пример, сегашните американски издвојувања за одбраната се движат на само околу 3,5% од ГДП на САД, но со оглед на огромната индустрија којашто со силни државни субвенции работи во најразлични сектори блиски до стриктно одбрамбените потреби, тешко е да се пресмета колку, всушност, изнесува процентот во ГДП на одвојувањето на САД за одбраната.

На сличен начин, иако со далеку помали буџетски средства, се анализите на воените издатоци и на поголемите европски сојузници и Канада во НАТО.

Но, насоката е недвосмислено јасна: многу повеќе пари за инвестиции во сите сектори на модерните воени предизвици како главен фактор за одвраќање на агресивните милитантни политики и практики на Русија кон Европа, што е основната причина и за самото основање на трансатлантската Алијанса во 1949 година.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали по овој самит може да се очекува поголемо единство на Алијансата во претстојниот период

ОРДАНОСКИ: Да, несомнено.

Драган Мишев


ПРОЧИТАЈТЕ И:

Едвард Џозеф за ЦИВИЛ: НАТО самитот во Хаг беше успешен – добивме силна изјава за Член 5 и импресивен договорот за зголемени трошоци за одбрана

Tags: зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 годинаНАТО Самит во Хагруската војна во УкраинаСашо Орданоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ