• Latest
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026 09:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Убиството на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци повторно го отвори прашањето за институционалната заштита од насилство врз жените и девојките, одговорноста на надлежните служби и потребата од поефикасни механизми за спречување на фемицидите. На протестниот марш во Скопје, одржан на 8 ноември под мотото „Ниту една повеќе!“, граѓаните и активистите побараа целосна истрага, санкции за евентуалните институционални пропусти и итни законски измени.

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“, „Нема да нè снема“ и „Ниту една повеќе“ беа дел од пораките што ги испратија учесниците на протестот, организиран од неформалната граѓанска иницијатива „Ниту една повеќе!“.

Маршот започна од паркот „Жена борец“, а учесниците поминаа покрај Собранието и Министерството за правда, завршувајќи пред Министерството за образование и наука.

Повод за протестот беше смртта на Билјана Кириќ, чие тело беше пронајдено на 3 ноември во опожарено возило во Богданци. Во близина на автомобилот беше пронајдено и телото на нејзиниот 21-годишен партнер.

Случајот во Богданци отвори сериозни прашања за тоа дали институционалното постапување било доволно за да се обезбеди безбедноста на малолетната девојка.

Според хронологијата што на 5 ноември ја соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, првата полициска пријава била регистрирана ноќта на 30 септември 2026 година. Билјана пријавила физички напад од страна на момчето со кое била во врска. Полициски службеници од Гевгелија пристигнале во Богданци, разговарале со неа и бидејќи била малолетна, го повикале и нејзиниот родител. По насоки на јавен обвинител, таа била упатена на лекарски преглед.

Осомничениот бил пронајден и приведен во полициската станица во Гевгелија. По разговорот и консултацијата со обвинителството, бил пуштен, а постапката продолжила во редовна процедура. Подоцна била поднесена кривична пријава за телесна повреда при вршење семејно насилство.

На 16 октомври било подготвено решение за привремена мерка за заштита од семејно насилство, кое на 20 октомври било доставено до полицијата. Следниот ден бил изготвен план за безбедност на Билјана и спроведување на мерката.

Јанев соопшти дека полицијата ги контактирала девојката и нејзиниот татко, кои тогаш изјавиле дека немаат контакт со момчето и дека тој не им се приближува. Според неговата изјава, полицијата постапувала согласно добиените пријави и насоките на обвинителството.

Но, токму оваа хронологија го наметнува суштинското прашање: дали институциите направиле сè што било потребно за заштита на девојката и дали постоеле дополнителни можности за спречување на трагичниот исход?

Организаторите на протестот побараа целосна и транспарентна истрага, со утврдување кој постапувал, кој не постапувал и дали пропустите во системот придонеле за тоа што мерките за заштита не ја обезбедиле нејзината безбедност.

На протестот беа изнесени и сведоштва од сограѓани дека Билјана со недели не одела на училиште и дека за насилството знаеле и други лица од нејзината околина.

Активистите на протестот побараа именување на одговорните и санкции за сите утврдени институционални пропусти, итно поднесување и усвојување на законските измени за заштита од насилство врз жените и семејно насилство, враќање на поимите „род“ и „родова еднаквост“ во законите, програмите и образованието и разрешување од јавни функции на лицата кои повикуваат на контрола врз жените, го оправдуваат насилството или го нормализираат нивното потчинување.

Активистите потсетија и на други жени и девојки чии имиња станаа симбол на борбата против насилството, меѓу кои Рамајана, Росица, Танкица, Ивана и Катја.

На протестот беше направена и споредба со трагедијата во Кочани, каде во пожарот во дискотеката загинаа 63 лица. Пораката беше дека и во двата случаи прашањето за институционалната одговорност не смее да остане без одговор.

Барањата за посилна законска заштита не се нови. Северна Македонија има Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство од 2021 година, донесен во рамки на усогласувањето со Истанбулската конвенција. Законот предвидува механизми за превенција, заштита и координирано постапување на институциите.

Меѓутоа, прашањето за дополнителни механизми за заштита останува актуелно. Во март 2026 година беше поднесен предлог за дополнување на законот, со кој се бараше воведување електронски нараквици за следење на сторителите на семејно насилство. Предлогот на Моника Зајкова од ЛДП не доби поддршка: од 97 регистрирани пратеници, 27 гласаа „за“.

По случајот во Богданци, Зајкова повторно ја актуелизираше иницијативата, овојпат преку петиција со која се бара воведување електронски систем за следење на сторителите и предупредување на жртвите кога тие ќе се приближат до законски утврденото растојание.

Посебен дел од барањата беше насочен кон Министерството за образование и наука. Во октомври 2026 година беше донесена наставна програма за изборниот предмет „Здравје и заштита на здравјето“ во гимназиското образование, која предизвика реакции поради начинот на кој се обработуваат содржините поврзани со родот, сексуалното здравје и насилството.

Протестот се одржа и во контекст на јавните реакции по изјавата на Петар Богојески за потребата од „машки надзор“ врз жените.

На протестот беше посочено дека во земјата во изминатата година биле убиени седум жени. Бројката беше повторена и во известувањето на Македонската радио-телевизија за маршот.

Зад секој од овие случаи стојат прашања за претходните пријави, достапноста на заштитата, проценката на ризикот и координацијата меѓу полицијата, центрите за социјална работа, обвинителството и другите надлежни институции.

„Ниту една повеќе“ не е само протестен слоган. Тоа е барање институциите да реагираат навреме, да ги препознаваат ризиците, да ги штитат жртвите и да преземат одговорност кога системот ќе потфрли.

Мерилото за ефикасноста на системот не е само колку пријави се евидентирани и колку решенија се донесени, туку и дали луѓето што побарале заштита навистина се безбедни.

Б. Ј.


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ