• Latest
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

И приватните болници на помош за КОВИД-19, обезбедени дополнителни 100 кревети

November 23, 2020
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И приватните болници на помош за КОВИД-19, обезбедени дополнителни 100 кревети

November 23, 2020 09:21
in ВЕСТИ, КОВИД-19
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство и трите најголеми приватни болници, „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, синоќа се договорија да соработуваат во борбата против КОВИД-19. До крајот на неделава старата гинеколошка болница на „Систина“, поранешна „Мала богородица“, ќе биде пренаменета во инфективно одделение каде ќе може да се лекуваат 100 пациенти. Лекувањето ќе биде бесплатно, на трошок на државата, а за пациентите ќе се грижи лекарски тим од „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“.

Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, и на хируршките клиники неделава ќе бидат отворени дополнителни болнички кревети за КОВИД-пациенти.

Во меѓувреме, бројката на заразени не стивнува. Последниот биланс покажува 1112 нови случаи и  24 починати лица.

Министерот сепак, уверува дека на скопските клиники засега има доволно кревети, а максимално е ангажиран и медицинскиот персонал. – Поставеноста на системот покажа дека добро функционира и дека дава резултати во поголем број оздравени пациенти и во доволен број слободни кревети, рече Филипче.

Капацитетите брзо се пополнуваат, но скоро воопшто не се чека за хоспитализација, не само на пациенти од Скопје, туку од секаде низ државата.

-Постигнат е договор со трите најголеми приватни болници и обезбеден е дополнителен капацитет од 100 кревети за третман на КОВИД пациенти. Станува збор за ресурси што државата ќе ги користи од приватните болници. Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ – старата болница на „Систина“ каде може да се сместат 100 пациенти. Целосно ќе бидат опремени од страна на сите приватни болници со нивен заеднички договор. Од таму ќе биде обезбеден и кадар и материјали. И за сето тоа соодветен надоместок согласно постојните закони ќе плаќа државата, потенцираше Филипче по средбата со сопствениците на „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“.

Тие потврдија дека се подготвени да помогнат и да максимално да излезат во пресрет за добро на граѓаните.

-Постигнавме договор во интерес на граѓаните. Ако остане како што е договорено, сите три поголеми и другите помали приватни болници ќе бидат вклучени во помошта на граѓаните за борба против КОВИД-19 и сите наши ресурси со кои располагаме. Комплетно ги прифативме условите од Министерството, изјави сопственикот на „Систина“, Орце Камчев.

Според сопственикот на „Филип Втори“, Жан Митрев, сите се на ставот дека треба да помогнат колку што можат.

-Начелно имаме концепт и стоиме зад сето тоа. Министерот и Министертсвото треба да го водат сето тоа, ние сме тука да помогнеме и во опрема и во кадар и во логистика. Засега нема никакви недоразбирања или непто околу што би се расправале, напротив, мислам дека сме сите сме во тој правец – да помогнеме колку што можеме во оваа ситуација, истакна Митрев.

Министерот Филипче вчера се сретна и со директорите на повеќето скопски клиники во кои се отворени КОВИД-центри, како и со раководството на  ГОБ „8 Септември“. Овој критичен период, нагласи, ќе продолжи и во наредните недели, а ќе продолжи и притисокот врз болниците. Затоа, од клучна важност е, порача, граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД.

Апел за почитување на заштитните мерки, упати и в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој во изјава за МИА рече дека денеска претпладне ќе заседава Главниот штаб за управување со кризи.

На седницата, информира Ангелов, ќе биде разгледан планот на Министерството за здравство, кои објекти треба да се обезбедуваат. Притоа напомена дека Армијата при обезбедувањето само ќе и асистира на полицијата и ќе биде на своите позиции без оружје.

-Ние веќе добивме од Министерството за здравство план на објекти кои треба да се обезбедуваат. Утре ќе го разгледаме и ќе го дадеме на МВР да го операционализираат. Ќе побараме од соодветните служби на Министерството за внатрешни работи, во делот на обезбедување, да изготват план – дали се прифаќаат сите точки, дали е доволно покривање во една смена или 24 часа. Врз основа на тоа, ќе предвидат луѓе кога би ротирале во три смени. Тогаш ќе ја имаме ние вистинската слика, објасни Ангелов.

Акцискиот план, потсети, се уште не е поминат и одобрен од Управувачкиот комитет, затоа не може да се процесуира, а треба да помине и на Влада.

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ