ЦИВИЛите денеска попладне продолжија со своите теренски активности во “Лептокарија“ Карпош.
На штандот се промовираше проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, посветен на политичкиот и општествениот дијалог, јакнењето на слободата на изразувањето и медиумската писменост меѓу граѓанките и граѓаните.
Директната комуникација со граѓанките и граѓаните на инфо-штандот беше одлична можност да се информираат и за другите проектни активности, како и можноста за работен или хонорарен ангажман. На овој начин ЦИВИЛите ги мотивираа граѓаните да известуваат за локалните проблеми и самите да преземат иницијатива.
ЦИВИЛ ова недела ќе продолжи со теренските активности низ скопските општини. Медиумите, активистите и претставниците на граѓанското општество се повикани да се запознаат со активностите на организацијата и активно да учествуваат во нив.
Вулнет Махмути