• Latest
Photo by Roman Kraft on Unsplash

Информацијата е моќ и кислород на демократијата: Јавните информации се јавни, а не тајни!

September 28, 2024
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Информацијата е моќ и кислород на демократијата: Јавните информации се јавни, а не тајни!

Овој текст е напишан за Балкан Форум, еминентна косовска тинк-тенк организација која е носител на регионалната иницијатива #Towards2030 #Кон2030.

September 28, 2024 17:07
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Photo by Roman Kraft on Unsplash

Photo by Roman Kraft on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

The Balkan Forum

Универзалниот пристап до информации е камен-темелник на здрави и инклузивни општества што се одликуваат со знаење. Тоа подразбира дека секој има право да бара, прима и пренесува информации. Ова право е составен дел од правото на слобода на говорот. Во тој контекст, медиумите играат клучна улога во информирањето на јавноста за прашања од јавен интерес. Оттука, правото на универзален пристап до информации е исто така поврзано со правото на слобода на печатот. Медиумите (без разлика дали се електронски, печатени или онлајн) имаат можност да им обезбедат веродостојни информација на граѓаните само доколку имаат пристап до јавните информации. Воспоставувањето целосна транспарентност во работата во сите јавни тела, каде што сите информации од јавно значење се лесно достапни претставува една од главните одлики на демократијата.

Слободата ќе биде лишена од вредност ако граѓаните немаат пристап до информации. Правото на информации или правото на знаење подразбира дека пошироката јавност треба непречено да учествува во слободниот проток на информации и да знае што се случува во нејзината заедница, општина, држава… Барањето и примањето информации подразбира човеково право. Секој граѓанин има право да биде информиран, да знае како функционираат јавните институции на локално и на централно ниво, да има увид како се трошат јавните пари, кои се неговите права и како може да ги користи.

УНЕСКО на 17 ноември 2015 година објави дека Меѓународниот ден за универзален пристап до информации ќе се одбележува и слави на 28 септември секоја година, а 74-то Генерално собрание на ОН го усвои како меѓународен датум во октомври 2019 година.

Целта на Меѓународниот ден за слободен пристап до информации (28 септември) е да ја зајакне граѓанската свест за тоа дека секој поединец има право на пристап до сите владини информации како што е правото да знаат како нивните избраници ја практикуваат власта и како се трошат парите на даночните обврзници. Слободниот пристап до информациите е мерило за развиеноста на демократијата во едно општество. Овој значаен датум има цел да ја истакне и потребата од подобрување на законите поврзани со информациите и нивната вистинска имплементација, што понатаму овозможува градење инклузивни институции и пристап до информации за настаните и процесите во регионот и светот.

Повеќе изговори, помалку транспарентност

Извештајот на Европската Комисија за владеење на правото за 2024 година претставува синтеза на состојбата со владеењето на правото во ЕУ и проценка на ситуацијата во секоја земја-членка, како и земјите-кандидати за членки на ЕУ. За прв пат, Извештајот за 2024 година вклучува и поглавја за четирите земји-кандидати (Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија).

Во Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија се нотира дека „просечно, во изминатите три години се поднесени 8.500 барања до имателите за информации од јавен карактер на годишно ниво“. Понатаму, се бележи дека засегнатите страни „изразија загриженост дека заштитата на личните податоци често се користи како причина за одбивање на пристапот до документи“. Исто така, Европската Комисија констатира дека чекањето на информации од јавен карактер е предолго „особено за новинарите кои работат во куси рокови, додека јавната администрација во пракса, не е доволно одговорна за давање пристап до информации“.

Според законот, граѓаните треба да добијат одговорот веднаш, но не подоцна од 20 дена. Во случај на усно барање, информацијата треба да се добие веднаш, но не подоцна од 5 дена од барањето. Во исклучителни случаи, на барањето би можело да се одговори во подолг рок, но не повеќе од 30 дена. Рокот може да биде продолжен во случаи кога информацијата е од поголем обем или кога се обезбедува делумен пристап.

Интересно е да се забележи дека во Извештајот на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер се истакнува дека најмногу жалби барателите поднесуваат поради т.н. „молк на управата“. Тоа е спротивно на духот на транспарентноста. Молкот на управата треба да биде редок исклучок, а не правило во работењето на имателите на информации.

Затоа што, информираните граѓани можат да донесуваат информирани одлуки, на пример, кога излегуваат на гласање и за кого да гласаат. Оттаму, може да се заклучи дека кога има повеќе изговори, тогаш има помалку транспарентност.

Пристапот до информации е човеково право

Правото на пристап до информации е неделиво од корпусот на човековите права кои се дел од законите и меѓународните документи кои земјите имаат обврска да ги почитуваат.

Состојбата на тие права и слободи во дел од земјите во регионот на Западен Балкан се во очајна состојба, иако во овие земји се донесени навистина прогресивни закони кои – често не се применуваат, барем не во целост. Тоа, меѓу другото, е последица на авторитарните практики на дел од властите кои се служат со манипулации и популистичка пропаганда, предизвикувајќи само привид на демократски процедури и практики. Тоа, меѓу другото, го овозможува и ниската политичка култура, но пресудни за тие состојби е неодговорноста и корумпираноста на носителите на власта и учесниците во градењето на системот, кои се опираат на обврските да задоволат минимум стандарди за почитување на демократските стандарди и човековите права и слободи.

Тенденција на авторитарните власти е спротивна на заложбите за проактивна транспарентност, т.е. самоиницијативно да објавуваат информации и податоци предвидени со закон, како што се договори за јавни набавки, извештаи за извршување на буџетот и законски прописи. Често се случува заложбите за транспарентност да бидат само декларативни и да се манипулира со фактите и податоците од јавен карактер. Од суштинско значење е важноста на онлајн просторот за пристап до информации, каде што секој би можел да се вклучи и да ги добие очекуваните податоци, наместо граѓаните постојано да поднесуваат барања за истите.


Линк до оригиналот: Information is the power and oxygen of democracy: Public information is public, not secret! (The Balkan Forum). При преземање, да се користат двата линка, до ЦивилМедиа и до оригиналот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ