• Latest

Иницијатива: Една изборна единица со отворени листи дел од континуираните препораки на ЦИВИЛ за измени во Изборниот законик

March 22, 2022
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Иницијатива: Една изборна единица со отворени листи дел од континуираните препораки на ЦИВИЛ за измени во Изборниот законик

March 22, 2022 09:04
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Една изборна единица и отворени листи е предлог за кој се дискутира уште од 2016 година, но досега, сеуште не се направи измената во начинот на спроведување на изборните процеси во нашата земја.

ЦИВИЛ како организација што врши изборен мониторинг од 2008 година, со години наназад препорачува и бара Северна Македонија да биде една изборна единица со што ќе се демократизираат изборните процеси. Во неколку наврати низ годините, ЦИВИЛ постојано алармираше за потребите од една изборна единица и изборни реформи, со што конечно ќе се обезбедат слободни и демократски изборни процеси, без вообичаените изборни нерегуларности што веќе станаа пракса на секои избори.

Декларативна поддршка за изборни реформи, една изборна единица и отворените листи  даде и премиерот Зоран Заев уште пред локалните избори во 2017 година, и тогаш и во пресрет на парламентарните избори, во меѓупериодот од претседателските, па до закажувањето на предвремените парламентарни избори 2019 година

Дури се формираше и Собраниска иницијатива во септември 2019 во кој беа вклучени 12 пратеници од 10 политички партии и еден независен пратеник. По тој повод на 25 септември 2019 ЦИВИЛ организираше голема конференција за изборните реформи на која беа поканети сите политички партии, експерти и претставници на невладниниот сектор како една од првите организации што воопшто ја актуелизираа оваа промена во изборниот модел на нашата држава.

Mинистерството за правда, на почетокот на 2021 започна со работа на измените во Изборниот законик. За таа цел се формираше работна група во која учествуваа претставници на граѓанските организации, меѓу кои и ЦИВИЛ, Државната изборна комисија, Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија, политичките партии и експерти што согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но и на сите релевантни чинители работеа на конкретни измени по членови и ставови во самиот законик.

ЦИВИЛ како организација што будно и во континуитет ги следи изборните процеси, имаше активно учество во работната група за измени во Изборниот законик.  Дел од препораките на ЦИВИЛ за измени во Изборниот законик се однесувата токму на темата која разни политички чинители ја актуелизираа деновиве: Една изборна единица – Воведување на отворени листи , што се во контекст на останатите измени кои ги препорачува Цивил :  Реформи на ДИК, вклучително и на структурата на институцијата – Овластени лица за поднесување на приговори да бидат и релевантни домашни организации кои спроведуваат мониторинг на изборните процеси – Прочистување на Избирачкиот список – Продолжување на рокот за обуки и едукација, како и избор на членови на ОИК и ИО, во случаи кога се работи за редовни изборни циклуси – Регулирање на периодот од распишување на изборите до официјалниот старт на изборната кампања, кога учесниците во изборните процеси наоѓаат начини да го заобиколат законот и да започнат со предвремени изборни кампањи долго пред законски предвидената рамка – Промени во начинот, динамиката и обемот на кампањите за едукација на гласачите .

Овие препораки за измени на Изборниот законик се објавени во Публикацијата на Цивил  „Локални избори 2021: Научени лекции“

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ