• Latest

Институциите се подготвени за евентуални поплави

March 6, 2018
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Институциите се подготвени за евентуални поплави

March 6, 2018 12:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците од надлежните институции, значително се зголемени водостоите на реките Вардар, Црна, Треска, Сатеска, Радика, како и на реката Пчиња. Поплавувања се регистрирани во горните текови на Вардар, Црна и реката Треска и нивните помали притоки.

На седницата на Управувачкиот комитет за справување со кризи беше согледана состојбата со водостоите на реките низ целата земја. Членовите на комитетот констатираа дека ситуацијата е најкритична во северозападниот регион на Република Македонија, но и во Пелагониската котлина, како и во градот Скопје.

Во општината Јегуновце е поплавена поголема површина на земјоделско земјиште. Но, ако и натаму се зголемува нивото на реката Вардар, институциите констатираа дека и дел од куќите може да бидат поплавени. Исто така, во Гостиварското село Форино, вчера биле поплавени дел од куќите и подрумските простории. Регистрирано е и клизиште на патот кај тетовското село Ново село. Дел од подрумските простории во пониските делови на градот Струга биле поплавени во текот на денот, поради високото ниво на подземни води. Исто така, поплавено е и обработливо земјоделско земјиште поради излевање на реката Црн Дрим.

Во Кичево веќе е интервенирано во дел од градот, по течението на реката Зајашка. Поставен е одбранбен насип со вреќи со песок и механизација. Има и помали излевања на реката Вардар во Скопско. Со оглед на ситуацијата, овие состојби може да се променат во рок од неколку часа.
Имајќи ги предвид најавите на Управата за хидрометеоролошки работи за нови врнежи од дожд во следните 24 часа, Управувачкиот комитет за справување со кризи на денешната седница донесе неколку заклучоци:

– Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, АД Водостопанство на Република Македонија и Заедницата на единиците на локалната самоуправа, да одржат координативни состаноци со сите надлежни институции под нивна надлежност, со цел правење на детален акциски план со работни активности по институции, согласно расположливите ресурси од институциите, во насока на превентивно делување за спречување на поплавите.

– На овие координативни состаноци да се стави акцент на состојбата со речните канали на територијата на Република Македонија, посебно на подрачјата на погодените општини и доколку е потребно, да се преземат активности за итно чистење на каналите.

– Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со општините од Полошкиот, Пелагонискиот и Скопскиот регион и регионалниот штаб за управување со кризи, веднаш да преземат активности за санација и расчистување на теренот каде е потребно.

– Дирекцијата за заштита и спасување веднаш да ги стави во функција сите водни пумпи со кои располага, со цел нивно користење и справување со настанатата ситуација на територија на општините од Полошкиот, Пелагонискиот и Скопскиот регион.

– Дирекцијата за заштита и спасување, до утре, до Управувачкиот комитет да достави преглед за тоа со колкав број на водни пумпи располага Дирекцијата, каде во моментов се наоѓаат истите, во каква состојба се и колку лица можат да управуваат со нив.

– Дирекцијата за заштита и спасување согласно склучените договори за ангажирање на градежна механизација од приватни фирми, доколку оцени дека е потребно, да ја ангажира оваа механизација, согласно потребите и приоритетите на погодените општини.

– Доколку институциите утврдат дека има потреба за ангажирање на силите на Армијата на Република Македонија, навремено да ги достават неопходните информации до АРМ, а Армијата да биде подготвена да одговори на барањата.

– Општините во Република Македонија, а посебно во Полошкиот, Пелагонискиот и Скопскиот регион веднаш да отпочнат со активностите за проценка на штетите од поплавите, преку формирање на општински комисии за утврдување на настанатата штета, согласно постојните законски прописи.

– АД Водостопанство на Република Македонија, уште вечерва, да подготви и до Управувачкиот комитет да достави план на критични точки и во текот на утрешниот ден да излезат на терен и да ја санираат состојбата.

– Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи да одржат координативна средба на која Министерството за животна средина ќе ги презентира плановите за интегрирано управување со речните сливови, согласно Законот за води.

– Заедницата на единиците на локалната самоуправа, заклучоците донесени на оваа седница на Управувачкиот комитет да ги достави до сите општини во Република Македонија, во насока на преземање на неопходни мерки и активности за навремено спречување и превенција на појава од евентуални поплави.

Со седницата претседаваше раководителот на комитетот, Оливер Спасовски, заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи. На неа присуствуваа и министерот за здравство, д-р Венко Филипче, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, како и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска. На 6-тата седница на Комитетот присуствуваа и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за Управување со кризи, АД Водостопанство, Армијата на Република Македонија, како и претставник од кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Tags: АРМДирекција за заштита и спасувањеподготовкипоплавиУправувачкиот комитет за справување со кризи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ