• Latest

Интерпол со потврда за реформите во полицијата и успешната заедничка соработка

May 19, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Интерпол со потврда за реформите во полицијата и успешната заедничка соработка

May 19, 2022 14:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Уште една потврда за амбициозните реформи во полицијата во изминатиов период, но и успешната заедничка соработка на земјата како кредибилен партнер на Интерпол пристигна денеска од Лион, Франција, каде што заврши 49. Конференција на Интерпол за Европскиот регион, соопштува Министерството за внатрешни работи.

„Со огромно мнозинство гласови за поддршка од страна на кандидатите на Конференцијата, кои уследија по промотивната видео презентација за земјата и за нашата полиција, подготвена од страна на МВР специјално за овој повод, за нашата држава веќе започнуваат подготовките идната година да ги собере европските претставници, но и гостите од земјите членки од другите континенти на 50-иот собир на Интерпол што, пак, се поклопува со 30 годишното членство во ИНТЕРПОЛ на нашата земја. Првата честитка по гласањето пристигна од претседателот на Интерпол,  Ахмед Насер Ал Раиси.
Официјалната кандидатура на Северна Македонија уследи по средбите кои директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, кој ја предводи делегацијата на МВР, на маргините на Конференцијата ги имаше  со Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток, како и со Претседавачот на Конференцијата, Шарка Хавранакова, заменик претседател за Европа.
Директорот Тасевски на средбата со Генералниот секретар ги изрази заложбите за продлабочување на соработката меѓу Република Северна Македонија и ИНТЕРПОЛ, додека Генералниот секретар Шток посочи дека не само кредибилен партнер, туку Северна Македонија претставува регионален лидер за соработка во областа на сузбивање на криминалот и подобрување на безбедноста, како мост во Западен Балкан, а поддршката што нашата држава ја дава со директно учество во заедничките операции и во неопходната размена на податоци е особено значајна за глобалната безбедност и за сите 195 земји членки на ИНТЕРПОЛ.
На средбата беше потенцирано и вреднувањето на напорите на македонската полиција за отстапениот квалитетен стручен  кадар кој работи на развој на активностите на Интерпол, вклучувајќи го и Генералниот секретаријат.
Директорот Тасевски нагласи дека во изминатиов период во рамки на БЈБ и МВР на Северна Македонија се направени амбициозни и сериозни реформи, а показателите говорат за намалување на криминалитетот и добри резултати во спречувањето на  шверцот со дрога, оружје, илегалната миграција, криумчарењето на мигранти и корупцијата, а на врвот на агендата за периодот што следи, покрај споменатите, остануваат борбата против насилниот екстремизам и тероризмот, како и компјутерскиот криминал како современи глобални безбедносни закани. Директорот Тасевски ја искористи средбата да го потврди интересот на државата за организација на највисокиот европски собир на Интерпол, најавувајќи и официјална кандидатура за време на конференцијата.
Генералниот секретар изрази желба за интензивирање на идните активности и упати благодарност за подготвеноста на Северна Македонија да биде домаќин на 50. Конференција на Интерпол во 2023, што претставува уште еден показател за целосната посветеност на Северна Македонија во реализацијата на заедничките активности со Интерпол.
Претседавачот на Конференцијата, Шарка Хавранакова, заменик претседател за Европа на средбата со директорот Тасевски изрази задоволство од досегашните активности на Република Северна Македонија како земја членка на Интерпол, нотирајќи го интересот на нашата земја за многу заеднички активности, продлабочување на соработката и иницијативата да биде домаќин на собир на Интерпол на највисоко ниво за 2023.
Меѓу другото, 49.Конференција на Интерпол за Европскиот регион, покрај Стратегијата 2022-2025, ја донесе и визијата на оваа организација до 2030 година, чија рамка, според генералниот секретар Јирген Шток, е определена од времето на брзи промени како ‘новото нормално за светот’. Имајќи предвид дека околината се менува, технологијата брзо се развива и го обликува светот, кој се базира на комуникации, размена на информации, употреба на вештачка интелигенција, климатски промени, миграции – сето тоа, според Шток, влијае врз креирањето политики на  Интерпол и земјите членки, барајќи брза размена на податоци и прецизен одговор од сите, како суштинска потреба за глобалната безбедност“, стои во соопштението на МВР.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ