Експлози во центарот на Тел Авив. Главниот град на Израел бил погоден од ракета.
Израелската војска штотуку објави дека Иран лансирал ракети кон Израел и дека нивните одбранбени системи работат на спречување на заканата.
⚡️ Hypersonic warheads strike Tel Aviv pic.twitter.com/QXgfF8ZzOz
— Middle East Observer (@ME_Observer_) June 13, 2025
На граѓаните им е наредено да влезат во засолништата до понатамошно известување, јавува Си-Ен-Ен.
Израел објави дека уништил уште еден нуклеарен објект во Иран, овој пат во областа Исфахан.
Станува збор за нуклеарна централа која не била погодена за време на нападите утрово врз нуклеарните објекти на Иран, што означува проширување на воената операција започната утрово. Како што објави Скај њуз, Израелските одбранбени сили објавија дека на локацијата се одвивал процесот на „реконверзија на збогатен ураниум“.
Тие додаваат дека тоа е следната фаза по збогатувањето на ураниумот во процесот на производство на нуклеарно оружје.
„Нападот ја уништил структурата за производство на метален ураниум, инфраструктурата за конвертирање на збогатен ураниум, лабораториите и другата инфраструктура“, наведуваат во соопштението.
Ј. Ѓ.