• Latest

Историјата ќе и прости, но фактографијата не

February 12, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Историјата ќе и прости, но фактографијата не

Од нејзиното основање до сега, проблемот на оваа партија е што негува политика на силен популизам. Таквата партиска мантра, таквата гласачко доворувачка политика, и`носи изборни гласови ама и`ги врзува рацете за прагмартични политики. За смели потези и за непопуларни но нужни државнички одлуки. Нејзината политика е политика на жестоки отпори при секој обид земјата квалитетно да исчекори во нов развоен статус. Така беше при влезот во ООН под ФИРОМ, слично со Рамковниот, најсвежо со Преспанскиот.

February 12, 2020 10:39
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Не, воопшто не е точно дека сите биле за НАТО. Тоа што вчера во собранието сите гласаа за Законот за ратификација на договорот со Алијансата, не го потврдува тој факт. Факт е само дека од своето основање до денес, ВМРО-ДПМНЕ беше за НАТО. И дека тоа постојано го дефинирала и го пропагирала и во сите свои досегашни партиски програми.

Од нејзиното основање до сега, проблемот на оваа партија е што негува политика на силен популизам. Таквата партиска мантра, таквата гласачко доворувачка политика, и`носи изборни гласови ама и`ги врзува рацете за прагмартични политики. За смели  потези и за непопуларни но нужни државнички одлуки. Нејзината политика е политика на жестоки отпори при секој обид земјата квалитетно да исчекори во нов развоен статус. Така беше при влезот во ООН под ФИРОМ, слично со Рамковниот, најсвежо со Преспанскиот.

Секогаш кога државата и нацијата се на историска пресвртница, кога е непопуларно и болно да се донесат исклучиво тешки решенија, секогаш досега ВМРО-ДПМНЕ, оваа една од двете судбински македонски политичка партии, давала отпори. И секогаш притоа, нејзините негаторски кампањи се темелеле врз чувствителните национално идентитетски постулати. И, речиси секогаш досега најтешките и национално најтрауматичните, а неопходни работи ги туркале други политички сили. ВМРО-ДПМНЕ практично на готово ја наследи Македонија во ООН, во новиот устав по Рамковниот и сега во најновиот устав по Преспанскиот.

Но, вредно и чесно е да се потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која веднаш по осамостојувањето на државата беше иницијаторот за првата декларација за  пристапување на земјата во НАТО. Но и дека партијата во континуитет не смогнуваше сили прагматично флексибилно да се истопори пред интегративните пречки на земјава. И дека нејзината ригидна патриотско партиска доктрина исклучиво форматитана за изборни гласови, во континуитет ја држеше и ја држи во егзил од реалноста. Таа се уште не покажува дека е способна да презема драмтични но нужни одлуки кои земјата или ја извлекуваат од кризи или и`отвораат развојни меѓународни перспективи.

Со сите свои постапки во сите фази на решавањето на спорот со Грција и со фактот што без Преспанскиот немаше теорија земјава да стане членка на НАТО, упатува на тоа дека не е баш примерно и пристојно и ова актуелно партиско раководство и оваа пратеничка генерација на ДПМНЕ, премногу да се китат со чинот на македонскиот влез во НАТО. Ако ништо друго, нивноте „не“ за референдумот, тоа им го оспорува.

Со отворената логистичка подршка, па и со жестоката кампања за бојкот на референдумот во чие прашање беше нотирано и членството во Алијансата, декларативните партиски заложби на ДПМНЕ за НАТО, стануваат лицемерни.

Но, добро. И покрај сите досегашни опструкции, ВМРО-ДПМНЕ го гласаше Законот за ратификазија на договор на Македонија со Алијансата.

Па, како и за се`претходно, така и за ова со НАТО, историјата ќе и`прости, ама фактографијата не.


 

Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ