• Latest

Историска одлука, а не бегање од одговорност

August 1, 2018

Зеленски потпиша декрет за повлекување на Украина од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини

June 29, 2025

Масовен руски напад врз Украина, Сибиха бара нови санкции на ЕУ и САД

June 29, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Едногодишен помен

June 29, 2025

Лариса Дир: Цела ноќ во Украина имаше воздушна тревога – рф нападна цивили со 477 дронови и 60 ракети

June 29, 2025
Газа, фото: принтскрин Х

Убиени најмалку 56 луѓе во израелските напади врз Појасот Газа

June 29, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, институциите да побрзаат со постапките

June 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Трамп ги повика Израел и Хамас да постигнат договор во Газа

June 29, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

June 29, 2025
Фото: Скриншот Х

Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград

June 29, 2025
Фото: принтскрин Х

Убиени 16 војници во самоубиствен напад во Пакистан, Индија демантира дека е вмешана

June 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Историска одлука, а не бегање од одговорност

August 1, 2018 09:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Време за историски одлуки, а не за бегање од одговорноста, според власта ќе биде распишаниот референдум на 30 септември на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат на прашањето: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?.

За опозицијата, пак, договорот е штетен и капитулантски, а распишаниот референдум без нивна согласност е самоволие на парламентарното мнозинство.

 

Премиерот Зоран Заев вчера ги повика граѓаните на Република Македонија да излезат на референдумот, распишан за 30 септември, велејќи дека сега е моментот секој граѓанин на земјата да ја преземе одговорноста за иднината.

Нагласи оти граѓаните не смеат да дозволат никој да ги поколеба да илезат и да го кажат своето мислење за Договорот од Преспа и за влезот на земјата во ЕУ и НАТО и додаде дека Владата ќе го почитува исходот од демократскиот избор, без разлика на резултатот.

Заев им се обрати и на како што рече сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ да ја сфатат важноста на моментот и им порача дека вратата е отворена.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ е првата партија која се залагала граѓаните да се изјаснат за промена на името на референдум и затоа, Заев смета дека опозицијата нема намера да повика на бојкот.

– Ако граѓаните заклучат дека прашањето им е тешко дека не се доволно информирани може да донесат одлука да останат дома, без разлика на политичките партии. Тоа овој пат не е дозволиво. Во таков случај тие ја пренесуваат одлуката на институциите. Тоа го кажувам така заради тоа што со сите правници и релевантни фактори во државата и сите што го толкуваат Уставот и законот тоа всушност значи така. Но, не сакам да зборувам што ако, тоа влијае кај граѓаните, рече Заев.

Според него, успешност на одлуката која што ја носат граѓаните на референдум согласно Уставот е ако излезат над половина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

– Убеден сум дека ќе успее референдумот, а потоа ние политичарите ќе го послушаме нашиот народ кој не избрал и ќе ги спроведеме одлуките соодветно на надлежностите кои ги имаме, порача Заев.

 

Камопањата за рефрендумот, според најавата од претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе почне на 10 септември.

Иако предлагачи на одлуката се пратениците, Џафери вели дека во кампањата за референдумот би можеле да учествуваат политичките партии, невладиниот сектор, но и Владата, па дури и Собранието.  Според него, и тие што ќе се определат да не учествуваат на референдумот, ќе имаат некаква кампања.

Џафери предупредува дека сите учесници во кампањата треба да се водат од општите интереси на граѓаните, а не од поединечните.

– Веќе три децении граѓаните на РМ без разлика на нивната етничка и верска припадност, во речиси 80 отсто, се за интегративниот процес на Република Македонија и во тој контекст очекувам да се зголеми излезноста на гласањето за референдумското прашање. Во принцип секогаш сум оптимист и им верувам на граѓаните дека ја сфатија пораката и потребата за референдумот и ќе ја искажат нивната определба да бидат дел од ЕУ и НАТО, рече вчера Џафери.

Поставеноста на референдумот во однос на консултативниот карактер, е работа предлагачите, додаде Џафери, кој е потписник на иницијативата.

Тој информираше дека Законот за ратификација на Договoрот со Грција во Службен весник ќе биде објавен по референдумот, иако претходно се имаше друго мислење во врска со ова прашање.

– Имајќи ги предвид сите околности кои се однесуваат на процесот на референдумот не би сакал сега Собранието да се постави како кочничар, или како институција која ќе делува спротивно на она што го изјавуваме дека сме фокусирани на постапката за референдумот. Откако ќе заврши референдумот ние ќе можеме да постапиме по сите овие прашања и да ја спроведеме волјата на мнозинството, впрочем тоа е и волјата на мнозинството на граѓани кои не избраа, рече Џафери.

 

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на својот профил на Твитер ја поздрави одлуката на Собранието да го одржи референдумот за Договорот со Грција на 30 септември и ги повика граѓаните да излезат и да ја искажат својата војла.

– ЕУ го поддржува овој договор и неговата имплементација како симбол на помирување и добрососедски односи во регионот. Ги повикувам сите граѓани на Македонија да го искористат своето демократско право на глас. Се работи за нивната земја и нивната иднина, напиша Хан.

Во контекст на реферeндумот и Договорот со Грција од денеска во тридневна посета на Македонија е вршителот на должност заменик – помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер.

Палмер ќе се сретне со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со лидери на политички партии и  со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје, а ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Едногодишен помен

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ