• Latest
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025 14:37
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Share on FacebookShare on Twitter

Денот на победата во Европа е денот кога се одбележува формалното прифаќање од страна на Сојузниците во Втората светска војна на безусловната капитулација на германските вооружени сили на 8 мај 1945 година (вторник);  го означи официјалното завршување на сите германски воени операции.

Повеќето поранешни советски земји, како и некои други, го слават овој ден на 9 мај, бидејќи безусловната капитулација на Германија стапи на сила во 23:01 часот на 8 мај според средноевропско летно време, што одговара на 00:01 часот на 9 мај по московско време.

Неколку земји секоја година го одбележуваат овој ден како државен празник, кој исто така се нарекува Ден на победата над фашизмот, Ден на ослободувањето или Ден на победата. Во Обединетото Кралство, денот често се скратува како VE Day, кратенка што постои уште од септември 1944 година, во очекување на победата.

 Западот и Исток – два документи за капитулација на германија, два различни датуми на одбележување на Денот на победата 

Адолф Хитлер се самоуби во бункер во Берлин на 30 април 1945 година, со што заврши неговата диктатура.  Хитлер го назначил Карл Дониц, поморски адмирал и жесток нацист, за негов наследник во случај на неговата смрт. Но, со ваквата одлука, Дониц беше осуден не да владее со новата Германија, туку да го оркестрира нејзиното распаѓање. Тој брзо го наименува Алфред Јодл, началникот на оперативниот штаб на Високата команда на вооружените сили, за да преговара за предавање на сите германски сили со генералот Двајт Д. Ајзенхауер.

Дониц се надеваше дека преговорите ќе му купат време да извлече што е можно повеќе германски луѓе и војници од патот на Русите кои напредуваа. Тој, исто така, се надеваше дека ќе ги убеди Соединетите Држави, Велика Британија и Франција, кои немаа доверба во СССР, да се свртат против Советскиот Сојуз за да може Германија да ја продолжи својата војна на тој фронт. Меѓутоа, Ајзенхауер ја препознал намерата и инсистирал Јодл да потпише безусловен инструмент за предавање.

7 мај – Документ за капитулација потпишан во Ремс

Актот за воено предавање првпат беше потпишан во 02:41 часот на 7 мај во седиштето на Врховен штаб на Сојузничките експедициски сили во Ремс, Франција.

Претставникот на Дениц, адмирал Ханс-Георг фон Фридебург, го информирал на 6 мај дека Ајзенхауер сега инсистира на „непосредна, истовремена и безусловна капитулација на сите фронтови.“ Генералот Алфред Јодл бил испратен во Ремс со цел да се обиде да го убеди Ајзенхауер во спротивното, но Ајзенхауер ја прекинал секоја дискусија со објава во 21:00 часот на 6 мај дека, доколку не дојде до целосна капитулација, тој ќе ги затвори британските и американските линии за германските сили што се предаваат на полноќ на 8 мај и ќе ја продолжи офанзивата со бомбардирање врз преостанатите позиции и градови под германска контрола.

Јодл ја испратил оваа порака до Дениц, кој одговорил со овластување да го потпише актот за безусловна капитулација, но со барање за 48-часовно одложување, наводно за да може наредбата за предавање да биде соопштена на оддалечените германски единици.

Како резултат на тоа, првиот Инструмент за капитулација бил потпишан во Ремс во 02:41 по средноевропско време на 7 мај 1945 година.

Капитулацијата требало да стапи на сила во 23:01 часот по средноевропско време (една минута по 23:00 часот според британското двојно летно време) на 8 мај, при што 48-часовниот грејс-период бил ретроактивно применет од почетокот на финалните преговори.

Безусловната капитулација на германските вооружени сили била потпишана од страна на Јодл, во име на Врховната команда на Вермахтот (OKW). Генералот Волтер Бедел Смит потпишал во име на Врховниот командант на Сојузничките експедициски сили, а генерал Иван Суслопаров во име на Советската врховна команда. Францускиот генерал-мајор Франсоа Севез потпишал како официјален сведок.

Ајзенхауер дејствувал во постојана консултација со генерал Алексеј Антонов од Советската врховна команда; по негова молба, генерал Суслопаров бил распореден во штабот на SHAEF како претставник на Советската команда при преговорите за капитулација. Текстот на актот за капитулација бил испратен по телеграф на генерал Антонов во раните утрински часови на 7 мај, но до времето на церемонијата на капитулација не била примена потврда за советско одобрување, ниту дека генерал Суслопаров е овластен да потпише во име на Советската команда.

Поради тоа, Ајзенхауер се договорил со Суслопаров дека треба да се потпише одделен текст од германските емисари, со обврска дека овластени претставници на секоја од германските воени сили ќе присуствуваат на формалната ратификација на актот за капитулација, во време и место одредено од Сојузничката команда.

Текст на прелиминарниот инструмент за капитулација

8 мај – Втор документ за капитулација по желба на Советите

Околу шест часа по потпишувањето во Ремс, била примена реакција од Советската врховна команда во која се наведувало дека Актот за капитулација е неприфатлив, и тоа поради две причини: текстот се разликувал од оној кој бил усогласен од Европската советодавна комисија (EAC), и генерал Суслопаров немал овластување да потпише. 

Сепак, овие приговори биле само формални изговори; вистинскиот приговор на Советите бил дека актот на капитулација треба да биде единствен, историски настан, кој целосно ќе го отсликува нивното учество  во конечната победа. Тие инсистирале дека капитулацијата не треба да се одржи на ослободена територија која била жртва на германска агресија, туку во самото седиште на германската влада, од каде што агресијата потекнала: Берлин.

Понатаму, Советите укажале дека иако условите на капитулацијата потпишана во Ремс наложувале германските сили да престанат со сите воени активности и да останат на своите позиции, не било експлицитно наведено дека тие мора да ги положат оружјата и да се предадат, односно, како што истакнале, „она што треба да се случи е капитулација на германските трупи преку нивно предавање како заробеници“.

Ајзенхауер веднаш се согласил, прифаќајќи дека актот за капитулација потпишан во Ремс треба да се смета за „краток инструмент на безусловна воена капитулација“, и се обврзал да присуствува на „поформално потпишување“ на соодветно изменет текст, заедно со правилно овластени претставници на германската Врховна команда, под претседателство на маршал Георги Жуков во Берлин (главниот град на нацистичка Германија) на 8 мај.

Дополнително, Ајзенхауер издал разјаснување дека сите германски сили кои ќе продолжат да се борат против Советите по зададениот рок „повеќе нема да имаат статус на војници“; и доколку се предадат на Американците или Британците, ќе бидат вратени во советско заробеништво.

Ефектот од потпишувањето во Ремс бил ограничен на консолидирање на примирјето помеѓу германските сили и западните сојузници. Сепак, борбите на источниот фронт продолжиле без прекин, особено бидејќи германските сили ја засилиле својата воздушна и копнена офанзива против востанието во Прага, додека евакуацијата на германски трупи преку Балтикот се уште била во тек.

Дениц издал нови наредби со кои се наложувало отпорот против Советските сили да продолжи, искористувајќи го 48-часовниот грејс-период за да организира засилени напори за спасување на германските единици од советско заробеништво. Наскоро станало јасно дека тој го овластил потпишувањето на генералната капитулација во Ремс со лоша намера, и дека ниту Советската команда, ниту германските сили нема да ја прифатат таа капитулација како ефективен крај на непријателствата меѓу нив.

Генералот Фердинанд Шернер, командант на Армиската група Центар, испратил радио-порака до своите трупи на 8 мај 1945, демантирајќи ги „лажните гласини“ дека Врховната команда на Вермахтот се предала и на Советската команда: „Борбата на запад е завршена. Но, не може да стане збор за предавање на болшевиците.“

Како резултат на тоа, Ајзенхауер организирал командантите на трите гранки на германските вооружени сили да бидат пренесени со авион од Фленсбург во Берлин рано на 8 мај. Таму биле задржани цел ден, сè до 22:00 часот кога пристигнала сојузничката делегација, по што им бил предаден изменетиот текст на капитулацијата.

Дефинитивниот Акт за воена капитулација бил датиран како потпишан пред полноќ на 8 мај во седиштето на Советската воена администрација во Берлин-Карлсхорст — денешна локација на Музејот Берлин-Карлсхорст.

Бидејќи Ајзенхауер, како врховен сојузнички командант за Западна Европа, технички беше повисок по ранг од Жуков, потпишувањето од страна на западните сојузници му било доверено на неговиот заменик, командантот на воздухопловството, Артур Тедер.

Советските измени на текстот од Ремс биле прифатени без потешкотии од страна на западните сојузници. Но, идентификацијата и одредувањето на потписниците претставувало поголем проблем. Француските сили дејствувале под команда на SHAEF, но генерал де Гол барал генерал де Тасини да потпише посебно во име на Француската врховна команда. Тоа, пак, би било политички неприфатливо ако американците не бидат застапени со потпис, а Советите не се согласувале да има повеќе од тројца сојузнички потписници — еден од нив морал да биде Жуков. По неколку преработки на документот, сите кои морале да се преведат и повторно да се отпечатат, било договорено дека Французите и Американците ќе потпишат како сведоци.

Како последица на тоа, финалната верзија била подготвена за потпишување дури по полноќ, при што физичкото потпишување било одложено до околу 01:00 часот на 9 мај по средноевропско време. Но, датумот на документот бил вратен на 8 мај за да се совпадне со договорот од Ремс и јавните изјави за капитулацијата што веќе ги дале западните лидери.

Советската официјална декларација, сепак, навела дека потпишувањето се случило во 22:43 на 8 мај, со што формално се потпаднало пред стапувањето во сила на германската капитулација согласно документот потпишан во Ремс.

Дефинитивниот Акт за капитулација се разликувал од оној во Ремс главно по тоа што барал три германски потписници кои целосно ги претставувале сите три гранки на вооружените сили заедно со германската Врховна команда. Дополнително, изменетиот член 2 бил проширен и барал германските сили да се разоружаат и да ги предадат своите оружја на локалните сојузнички команданти. Оваа клаузула обезбедувала германските сили не само да ги прекинат воените дејства против сојузниците, туку и целосно да се разоружаат, распуштат и да бидат заробени.

Фелдмаршал Кајтел првично се спротивставил на новиот текст, предлагајќи дополнителен грејс-период од 12 часа за германските трупи пред да бидат изложени на казнени мерки според член 5. Но, на крајот морал да се задоволи со усна гаранција од Жуков.

Адмирал Фридебург бил единствениот претставник на германските сили кој бил присутен на трите церемонии на потпишување: во Линебург Хит на 4 мај, во Ремс на 7 мај и во Берлин на 8 мај 1945 година.

Текст на Акт на капитулација во Берлин

Ние, долупотпишаните, дејствувајќи по овластување на германската Врховна команда, со ова безусловно се предаваме на Врховниот командант на Сојузничките експедициски сили и истовремено на Врховната команда на Црвената армија, со сите сили на копно, море и воздух кои на денешниот датум се под германска контрола… Во случај германската Врховна команда или било кои сили под нејзина контрола да не постапат во согласност со овој Акт на капитулација, Врховниот командант на Сојузничките експедициски сили и Врховната команда на Црвената армија ќе преземат казнени или други мерки кои тие ќе ги сметаат за соодветни. Овој акт е составен на англиски, руски и германски јазик. Англиската и руската верзија се единствено автентични текстови.

9 мај – Ден на победата за Русија

Русите до ден денес го слават 9 мај како Ден на победата. Предавањето на Ремс дури еден ден порано не е објавено во советскиот печат. 9 мај остана ден на победата на Советите над Нацистичка Германија, а го прифатија и земјите од источен блок, како и земјите од поранешанта СФРЈ, меѓу кои, до ден денес, и Северна Македонија.

Во Европа и остатокот од светот, Денот на V-E (Победата во Европа) се слави на 8 мај, денот кога официјално започна прекинот на огнот.

5 јуни – Берлинска декларација за поразот на Германија

И покрај тоа што инструментот за капитулација од 8 мај 1945 година бил потпишан само од германски воени претставници, целосните цивилни одредби за безусловната капитулација на Германија останале без експлицитна формална основа.

Како резултат на тоа, текстот на Европската советодавна комисија (EAC) за безусловна капитулација на Германија бил преработен во форма на декларација, со проширен објаснувачки вовед, и бил еднострано усвоен од сега веќе четирите сојузнички сили како Декларација за поразот на Германија.

Оваа декларација ја изразувала сојузничката позиција дека, како последица на својот целосен пораз, Германија останала без влада или централна власт (Сојузниците не ја признавале остатоците од нацистичката влада во Фленсбург), и дека напуштената цивилна власт во Германија, како резултат на тоа, била преземена исклучиво од четирите сојузнички сили – Сојузот на Советските Социјалистички Републики, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, и Француската Република – во име на сите сојузнички влади.

Оваа власт потоа била институционализирана во облик на Сојузничкиот контролен совет (Allied Control Council – ACC).

Подготви: Б. Ј.


Прочитајте повеќе:

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

9 мај, еден Ден по победата во Европа над фашизмот

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ