• Latest

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025 13:34
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европа  одбележува 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, со настани што ќе се одржат низ континентот и надвор од него.

Голем дел од Западна Европа го одбележува Денот на победата во Европа (VE Day) на 8 мај, но безусловната воена капитулација што ја заврши Втората светска војна во Европа всушност беше потпишана ден претходно, во 2:41 часот наутро на седми мај, во Ремс, источна Франција.

Јосиф Сталин одби да ја признае таа капитулација и побара симболична втора капитулација да се потпише во Берлин – местото каде што започна агресијата на нацистичка Германија – и кое, по случајност, тогаш беше под советска контрола.

Свечени церемонии ќе се одржат кај споменици на војната во градови и села низ Франција, со оддавање  почит на загинатите. Во Франција Денот на Европа е  државен празник.

Германија, за првпат, ќе го прогласи овој ден за државен празник, додека во Обединетото Кралство годишнината ќе се одбележи со богослужба во Вестминстерската опатија во Лондон, што ќе започне со национално двеминутно молчење. Комеморативните настани во Обединетото Кралство ќе завршат со концерт на Horse Guards Parade, на кој ќе присуствуваат околу 10.000 луѓе. На концертот ќе настапат ѕвезди од театарот и телевизијата, вклучувајќи го Џон Њуман и дамите Џоан Колинс, Мери Бери и Шила Хенкок, како и воени музичари, и ќе ја раскаже приказната за победата и наследството од Втората светска војна во Европа. Комеморациите се одвиваат во контекст на војната во Украина, зголемувањето на трошоците за одбрана и промените во надворешната политика на САД.

Украинскиот претседателот Володимир Зеленски упати повик до сојузниците да се обединат во борбата против руската инвазија на Украина, додека Европа слави 80 години од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

„Токму како пред 80 години, кога на сите конечно им стана јасно: злото не може да се смири. Мора да се бори. Заедно. Решително. Со сила. Со притисок“, изјави Зеленски.

Британскиот премиер Кир Стармер, по тој повод, пак, изјави дека „линиите на фронтот во Украина“ сега претставуваат „прва линија на одбрана на западните вредности“.

80-годишнината од Денот на победата над фашизмот се одбележува и со настани низ Северна Ирска и Шкотска. 

извор: Гардијан


Прочитајате повеќе:

(РЕПРИНТ) 9 мај, еден Ден по победата во Европа над фашизмот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ