Повеќе од шест илјади луѓе утрово ја напуштиле Источна Гута, соопшти портпаролот на рускиот Центар за помирување на непријателските страни во Сирија, генерал-мајор Владимир Золотухин.
На контролните пунктови на хуманитарниот коридор и во камповите каде се сместени локалните жители, Центарот за помирување организирал делење храна, вода и ќебиња и поставил неколку мобилни кујни и медицински пунктови, додаде Золотухин.
Претставници на Центарот за помирување соопштија дека за време на хуманитарните паузи, Источна Гура ја напуштиле повеќе од 73 илјади луѓе, а групите „Фајлак ар Рахман“ и „Ахрар аш-Шам“ се согласиле да ги повлечат своите борци од енклавата.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.