• Latest

Истрага против 13 лица за рушењето на споменикот на културата, хотелот „Шар Ан“

December 13, 2023
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Истрага против 13 лица за рушењето на споменикот на културата, хотелот „Шар Ан“

December 13, 2023 17:32
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, единиците на МВР спровеле акција при што биле извршени претреси на повеќе локации во градот Скопје, информира Јавното обвинителство.

Во акцијата биле одземени бројни материјални докази и приведени биле девет осомничени лица, а две лица се недостапни за органите на прогонот.

„Предметниот јавен обвинител, постапувајќи по кривичната пријава донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување и Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Петмина од нив сториле и кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување“, наведено е во соопштението од обвинителството.

Четворицата првоосомничени во периодот од месец октомври 2022 до месец септември годинава, година создале група на која припадници станале останатите осомничени. Првоосомничениот, како претседател на Одбор на директори на акционерско друштво, со намера за себе и за останатите членови на групата да прибави противправна имотна корист, не ги извршил своите службени овластувања определени во Статутот на друштвото и предизвикал штета на Буџетот на РСМ од значителна вредност.

„Тој, иако знаел дека Хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба, не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да извршат негово противправно рушење и уништување“, се наведува во соопштението.

Во периодот од месец октомври и ноември 2022 година четворица припадници на групата како градежни работници без да поседуваат документација за дозволеност за преземање на дејствија за рушење, употребувајќи механизација извршиле противправно уништување на автентичниот објект Хотел „Шар Ан“.

„Во исто време, двајца од организаторите и еден припадник на групата во својство на службени лица чија службена должност е преземање на мерки за заштита на недвижните културни наследства, иако знаеле за насилното уништување на автентичниот објект Хотел „Шар Ан“, дозволиле негово целосно уништување и не презеле ниту едно дејствие со кое ќе го запрат или спречат незаконското рушење на објектот од културно наследство“, се додава во соопштението од Обвинителството.

Второосомничениот, како еден од организаторите на групата во текот на целиот период на рушење бил запознаен и се согласил со преземањето на противзаконските дејствија, од кои требало да оствари директна корист.

„Тој, до Агенцијата за катастар на недвижности поднел пријава за запишување на промена од т.19 – бришење на срушен објект, па кон пријавата приложил Изјава за правна заинтересираност за купопродажба на катастарска парцела и Геодетски елаборат. Геодетскиот елаборат бил изработен од правно лице сопственост на сопруга на еден од осомничените – поранешен заменик директор на Агенцијата за катастар на недвижности на кој му биле познати законските постапки за вршење на упис и промени во катастарската евиденција и кој презел низа дејствија давајќи конкретни насоки и обезбедувајќи услови за извршување на промената во катастарската евиденција“, наведено е во соопштението.

Припадникот на групата во својство на службено лице пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања презел службено дејствие и спровел постапка за упис на промена на културата на КП од градежно изградено во градежно неизградено земјиште, без постоење на правен основ за вршење на промена и без да обезбеди стручен наод од правната служба на Агенцијата за катастар на недвижности.

„Воедно, ги избришал податоците од графата за право на стопанисување со недвижноста во корист на АДССДП, овозможувајќи му на второосомничениот да го искористи наводниот правен интерес за купопродажба на предметната парцела на која се наоѓал уништениот објект – културно наследство од непроценлива вредност за РСМ и со чие насилно уништување е предизвикана штета на државата во износ од значителна вредност од 180 милиони денари“, наведуваат од Обвинителството.

Споменичката целина Стара скопска чаршија е настаната во периодот од XV до XX век врз урбана структура што потекнува од XI век. Како културно наследство од особено големо значење е добро од општ интерес за Македонија и ужива посебна заштита со Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, Законот за заштита на културното наследство и други закони.

Прогласувањето на споменичката целина Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење подразбира трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и другите научни и културни вредности, како и автентичноста, единственоста, разновидноста, интегралноста, староста и други својства, содржини и функции и спречување на дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање.

За објектите во рамките на чаршијата кои припаѓаат на целината прогласена за културно наследство може да се овозможи само реставрација со обезбедени заштитно конзерваторски услови, но не и рушење и уништување.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ