• Latest

Истражување: Балканците најмалку се плашат од коронавирусот

March 23, 2020
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Истражување: Балканците најмалку се плашат од коронавирусот

Истражување на Галуп покажа дека над 70 проценти од луѓето на Балканот сметаат дека коронавирусот не е толку голема закана како што се претставува. Според истражувачите, тоа можело да се очекува во регион навикнат на кризи

March 23, 2020 16:31
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Истражување на Галуп покажа дека над 70 проценти од луѓето на Балканот сметаат дека коронавирусот не е толку голема закана како што се претставува. Според истражувачите, тоа можело да се очекува во регион навикнат на кризи, јавува Дојче Веле.

Галуп спроведе истражување за тоа како луѓето ја доживуваат глобалната пандемија на коронавирусот во коа биле опфатени повеќе од 20 илјади луѓе во 26 земји во светот.

Според резултатите, 62 проценти од испитаниците се плашат да не се заразат, но во исто време 56 проценти од нив сметаат дека се претерува околу можната закана.

Претседателот на Галуп Интернешнл Асосиејшн (ГИА), Канчо Стојчев изјави дека двата аспекти не се противречни.

– Вирусот е реален и нормално е луѓето да се плашат, вели Стојчев во интервју за Дојче Веле.

Од друга страна вируси постојат од почетокот на човештвото. Секој човек на светов знае дека постојано сме опкружени со вируси. Од таа причина некои реакции на вирусот им изгледаат претерани, вели Стојчев.

Стравот и несигурноста, според студијата, различно се шират во различни делови од светот. Поради тоа, 56 проценти од анкетираните сметаат дека се претерува во однос на заканата од коронавирусот, вели Стојчев.

– Знаеме дека во некои земји кризата почна две или три недели порано така што тие сега се во друга фаза. Италија е во многу напредната фаза и разбирливо е како Италијанците реагираат во моментов. Во БиХ на пример имаме уште многу рана фаза, рече тој.

Особено во балканските земји кои беа вклучени во анкетата изгледа дека нема паника. Во БиХ 73 проценти од анкетираните сметаат дека се претерува во однос на заканата од вирусот, во Бугарија 72 проценти, а во Република Северна Македонија 73 проценти.

За Бугаринот Канчо Стојчев тоа е последица и на историјата на регионот.

– Балканот со векови е точка каде што се кршеле копјата. На такви места интензитетот на историјата е многу посилен, што значи дека луѓето морале да се справуваат со значително поголем број кризи.  И изминатите 30 години се пример за тоа. Во Бугарија, Романија и земјите од поранешна Југославија постојано имало кризи. На некој начин навикнати сме на вакви ситуации, изјави Стојчев.

Тоа се гледа и кога ќе се направи споредба. Луѓето во земјите од западна Европа заканата од коронавирусот ја доживуваат како реална. Околу 70 проценти од анкетираните го изјавиле тоа.

Анкетата покажува дека 76 проценти од испитаниците се подготвени да си ги ограничат личните слободи без разлика дали заканата ја сметаат за претерана или не. На врвот е Австрија со 95 проценти, па Република Северна Македонија со 94 проценти и Холандија со 91 проценти. Најниска е бројката во САД со само 45 проценти. Според Стојчев, можни причини за таквиот став се политичката поделеност и „силната демократска традиција” на земјата.

Сржта на студијата за него е во друг аспект.

– Гледаме значителен пораст на довербата во националните влади. Ако ги погледнеме бројките сфаќаме дека две третини од луѓето во светот почнуваат да им веруваат на своите влади затоа што се плашат. Вообичаено тие бројки се 20 до 40 проценти. Политичките елити кои беа паднати во немилост, си ја враќаат довербата во ова време кое се доживува како почеток на глобална криза без временски релевантен случај за споредба „Сам“ се заменува со „заедно“, „блиску„ со „далеку“ и „глобално“ со „национално“, вели Стојчев за Дојче Веле.

За него ова е крај на времето во кое глобалните пазари ја доминираа политиката.

– Нашиот менталитет како потрошувачи е да си постоиме во сопствениот универзум. Може да купуваме, да правиме што сакаме и да патуваме каде сакаме. Актуелната криза ни ја скрши таквата илузија. На крајот на денот сфаќаме дека луѓето се колективни суштества. И кога се работи за глобално и национално, националното е исто колективно, значи да се биде заедно, но не на глобално ниво, изјави тој.

Сепак, со оглед на голем број искази за солидарност од голем број луѓе Стојчев согледува и една шанса.

– Такви ситуации ги обединуваат луѓето. Принципиелно во животот има две стратегии кога ќе се најдете пред сериозен проблем. Првата е сам да се обидеш да го решиш, другата е заеднички со други луѓе. На крај изгледа најдобро возиш во друштво, истакна претседателот на Галуп.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ