ЗОРАН ИВАНОВ
Деновиве се крена мала медиумска бука откако портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ во телевизиска дебата без и неа и на партијата око да им трепне, јасно соопшти предизборен став според кој ВМРО-ДПМНЕ ќе настојува да ја смени преговарачката рамка со ЕУ, невозможна мисија во која и самите не веруваат, нивната партија не ќе вози кон ЕУ и Македонија нема да влегува во сојуз кој не ги дели нивните партиски вредности што и не е ништо ново туку тоа се истите тие стари партиски политики на ВМРО-ДПМНЕ со кои во децениски континуитет ги игнорира етаблираните демократски доктрини на Унијата па, кажано во оваа една реченица, на загрижената ЕУ сега не и останува ништо друго освен своите најавени реформи да си ги адаптира врз партиските постулати на ВМРО-ДПМНЕ, а на партијата и на нејзините водачи, таму каде што тргнале, Македонија ќе треба да им посака среќен пат.