• Latest

Иванов: Извинување до Евреите ќе придонесе за поволна атмосфера во односите меѓу Софија и Скопје

March 14, 2023
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Иванов: Извинување до Евреите ќе придонесе за поволна атмосфера во односите меѓу Софија и Скопје

March 14, 2023 12:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарското министерство за надворешни работи вчера реагираше во однос на барањето на претседателот Стево Пендаровски за извинување од Софија во однос на прогонот на македонските Евреи во 1945 година од страна на тогашната профашистичка влада. Од таму велат дека „обвинувањето на Бугарија е дел од севкупната злонамерна политика на властите во Македонија, која има за цел да го претстави бугарскиот народ како „фашистички“. Посочуваат дека „Бугарија отсекогаш гледала на периодот на Втората светска војна со посебна грижа за сите 6 милиони Евреи кои загинаа во холокаустот, вклучително и 11.000 Евреи убиени во нацистичките логори на смртта“, објави Локално.

Од друга страна, дел од експертската јавност не се согласува со ваквиот став на бугарските власти.  Универзитетскиот професор Михаил Иванов и поранешен советник на екс претседателот Жељу Желев, во разговор за „Локално“ вели дека преземената одговорност за депортацијата на Евреите од Тракија и Македонија треба да биде непроменлив елемент на бугарската државна политика и да биде потврдена од следните бугарски претседатели и влади.

-Згора на тоа, Бугарија и должи извинување на еврејската заедница и особено на потомците на невините жртви за принудното префрлање (депортирање) на повеќе од 11.000 Евреи под ужасни услови во соработка со Германија, што според Статутот на Нирнбершкиот трибунал е злосторство против човештвото. Несомнено, ваквото извинување, кое го диктира човечкиот морал, ќе придонесе за поволна атмосфера во односите меѓу нашата земја и Северна Македонија. Во оваа смисла, мислам дека апелот на господинот Пендаровски е во вистинска насока, посочува Иванов.

Тој се потсетува и на говорот на поранешниот бугарски претседател Георги Прванов пред бугарскиот парламент пред речиси 20 години.

-На 11 март 2003 година, во својот говор пред парламентот по повод одбележувањето на Денот на жртвите на холокаустот и спасувањето на бугарските Евреи, претседателот Георги Парванов изјави дека „не треба да бегаме од темата за одговорноста на тогашната влада за судбината на оние 11.343 бугарски Евреи од Македонија и Тракија кои беа лишени од државјанство и депортирани во логорите на смртта. Во 2008 година тој ја потврди одговорноста на Бугарија за судбината на Евреите депортирани од Тракија и Македонија во логорите на смртта, коментира професорот.

Друг универзитетски професор Љубомир Ковачев во изјава за „Локално“ вели дека депортацијата на Евреите од географската област на Македонија не започнала во март, туку веќе во јануари 1943 година со еврејското население во Солун.

-Депортацијата, како и во другите градови, се случи на експресно инсистирање и под целосна контрола на претставниците на нацистичка Германија, потенцира Ковачев.

Сепак тој ја критикува изјавата на Пендаровски.

-Претседателот долева масло на огнот и работи против европската иднина на Македонија. Ако господинот Пендаровски навистина сакаше добрососедски односи, прво требаше да каже дека Бугарија е единствената земја во Европа, сојузник на Германија, која не се придржува на нејзиниот притисок и ги спасува сите свои Евреи, оценува професорот.

Н.П.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ