Претседателот Ѓорге Иванов смета дека пречките за доделување мандат сѐ уште не се отстранети, пренесе ТВ 24.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во петокот ја презентираше програмата на новата влада и побара од претседателот Иванов да му го даде мандатот.
Но, иако дел од опонентите на Иванов, на социјалните мрежи потенцираа дека токму тој е е главната мрежа за враќање на демократијата и на правната држава во Македонија, од неговиот кабинет стигна соопштение, во кое се вели:
„Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување мандат за состав на влада се уште не се отстранети“, е ставот од кабинетот на претседателот на Република Македонија“.