„Најзначајната улога на ДКСК е да има превентивна улога. Многу е добро што директорот на АНБ се обрати до нашата институција и побара мислење. Во мислењето ние кажавме дека вработување на блиски лица во иста институција е судир на интереси. Јас искрено се надевав дека тоа беше многу добар чекор за да се спречат вакви состојби, меѓутоа очигледно не се спречиле. Како понатаму тоа ќе се реши, не знам. Веројатно ќе отвораме предмети по тие случаи и да бараме некаква разрешница иако најдобро е во самата институција да се бараат решенијата’, одоговори Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, на почетокот на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, на новинарско прашање за начинот на вработување во Агенцијата за национална безбедност.
Од Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси се побара мислење за одредбите од Законот што се однесуваат на непотизам и судир на интереси.
„Знаете како е, сите ние сме за борба против корупција, ама ретко кој сака да се бори, а уште помалку да биде допрен со таа борба. Тие состојби треба да бидат наше минато. Доколку самите не си ги решат работите, ние ќе постапуваме по службена должност. Тоа ни е работа“, истакна Ивановска.
Ивановска истакна дека подготовката за петгодишната Национална стратегија за борба против корупцијата е одговорност на сите граѓани во државата.
„Не е само ДКСК таа што треба да се бори против корупцијата, напротив. Одговорноста е на сите. Борбата е во самата личност, никој на никому ништо не должи, но и да се јакне совеста на одговорните луѓе дека никој за ништо не им е должен“, изјави Ивановска, за главните цели на тридневните работилници.
Како што изјави мотото под кое работат е „Со ум во антикорупциски бум“.
Биљана Јордановска
Камера и монтажа: Ариан Мехмети