На денешната седница на ДКСК, одговарајќи на новинарско прашање за јавен оглас за пополнување на 280 работни места на неопределено работно време во Македонски пошти одговорија дека постапката ќе мора да биде прекината и не е возможна да се реализира до изборите, а за тоа се свесни и самите работодавачи.
„Сепак, тоа е притисок врз гласачите… Ако некому му треба вработувања тоа сме ние, па не ги спроведуваме во овој период“, изјави Билјана Ивнаовска, претседателка на ДКСК.
Изборниот законик и Законот за спречување корупција и судир на интереси предвидуваат забрана за вработувања и отпуштања во јавниот сектор од денот на донесување одлука за распишување избори, до крајот на изборите. Започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случаи на итни и неодложни работи.
М. И.