• Latest
Билјана Ивановска, ДКСК / Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Ивановска: Да се валоризира оценката во Извештајот на ЕК за натамошнo зајакнување на борбата против корупцијата и судирот на интереси

October 14, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Ивановска: Да се валоризира оценката во Извештајот на ЕК за натамошнo зајакнување на борбата против корупцијата и судирот на интереси

October 14, 2022 18:20
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Билјана Ивановска, ДКСК / Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Билјана Ивановска, ДКСК / Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата останува релевантен извор за оценка на состојбите во земјава. Па од тука, оваа оценка треба да се валоризира не само како признание за работата на Државната комисија за спречување на корупција, туку и за натамошна напредување на борбата против корупцијата и судирот на интереси во земјата и можеби клучно преку зголемување на ефикасноста на другите институции кои понатаму треба да постапат кон целосно затворање на предметите, истакна претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска на денешната 75-та седница.

– И Европската комисија констатира зголемена ефикасност во работењето на ДКСК, но и зголемен број на кривични пријави за предмети кои се од посебен јавен интерес, а за кои се уште чекаме постапување.
Се надевам дека препораките на Европската комисија ќе допрат до сите институции, а процентот на реализација на активностите предвидени во Националната стратегија за борба против корупција, како и процентот на имплементирани препораки значително ќе се зголемат, рече Ивановска.

Таа потенцира дека ова е директна потврда за оправданоста на активностите преземени во претходниот период и ажурноста на Комисијата во овој состав која, како што вели, преку својата работа и залагање за правилно разбирање и ДКСК добива директна потврда за своето работење, независност и непристрасноста и за напорите да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата и покрај некои обиди на политички партии работата на Комисијата да ја стават во дневно политички контекст.

– Во Извештајот е забележано дека ДКСК во континуитет ја исполнува својата правилна одлука обезбедувајќи стратешки политики и насоки за институциите и отворајќи нови случаи за високи функционери. Исто така се бара заклучоците од нејзиното постапување да бидат целосно адресирани до другите надлежни институции. Со цел да се зајакне борбата против корупцијата, во извештајот на Европската комисија се наведени следните препораки: да продолжат заложбите за подобро функционирање особено преку обезбедување на финансиски и човечки ресурси, да се зголеми поддршката на институциите одговорни за спроведување на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси, како и препораките од ГРЕКО, рече таа.

Ивановска истакна дека во извештајот се посочува дека треба да продолжат, но и да се зајакнат заложбите за поддршка на релевантните институции за борба против корупцијата, особено да се зајакнат ресурсите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вклучувајќи и финансиски експерти со цел, како што вели, да се обезбеди ефективно одговорност за случаите кои се висока корупција а со тоа да се зголеми бројот на конечни пресуди за овие случаи вклучувајќи и конфискација на илегалните средства, продолжена конфискација и конфискација од трети лица. Таа потенцира дека неказнивоста е еден од повисоките ризици од корупција кои, како што рече, значително ја намалуваат довербата на граѓаните во институциите, особено во правосудството.

Според членот на Комисијата, Владимир Георгиев, и овој извештај ќе биде основа за понатамошното дејствување на институциите, на ДКСК, но и на сите други институции вклучувајќи ги обвинителството, судовите и сите надлежни.

Горан Трпеноски, член на Комисијата упати апел до власта и опозицијата дека имаат многу други погодни теми за препукување, а за својата работата Комисијата одговара пред јавноста.

– Во последниот Извештај кој што го образложи претседателката, само ДКСК е пофалена и се надевам дека и понатаму нема да не стават како нивен орган или нивна алатка. Ние одговараме пред јавноста, рече Трпеноски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ