• Latest
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Изборен двобој меѓу Курти и Рама

February 16, 2024

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Изборен двобој меѓу Курти и Рама

February 16, 2024 12:38
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter
  • На следните избори освен ДУИ и Европското движење за промени (ЕДП), ќе се соочуваат и премиерите на двете држави во кои живеат Албанците
  • Курти со сите сили се залага за победа на албанската опозиција, а ДУИ ја има поддршката на косовската опозиција и на албанскиот премиер, Еди Рама
  • Во 2012 година во Скопје дојдоа Бериша и Тачи. Груевски тогаш како премиер, а ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт молчеа на сметка на ДУИ. Сега молчат и за Курти, на сметка на албанската опозиција

СЕФЕР ТАХИРИ

На една конференција реков дека колегите новинари, уредници и аналитичари се запознаени прилично добро што се случува во албанскиот политички блок, но некогаш остануваат непримени одредени пораки кои се соопштуваат, а во македонскиот јавен простор не се објавуваат или не добиваат јавен третман поради јазичните бариери.

Кампањата веќе е започната и тоа со жесток интензитет. А ова е само почетокот!

Во албанскиот блок на следните избори ќе се соочат, можеби за прв пат, два блока, кои имаат речиси идентични политички и кадровски потенцијали. Финансиски секако не, бидејќи ДУИ во овој сегмент е недостижна. 20 години на власт не се малку!

Кај македонската јавност стигнуваат тек-тук информации, но треба да се знае дека на следните избори, освен ДУИ и Европското движење за промени (ЕДП), ќе се соочуваат и премиерите на двете држави во кои живеат Албанците.

Косовскиот премиер, Албин Курти отишол чекор подалеку од вообичаениот патернализам, кој доаѓа од Приштина. Со сите сили и расположливи средства е вклучен во предизборниот процес и се залага за победа на ЕДП, а дел од коалицијата и порано имаше одлични релации и кога Курти беше во опозиција. Во август минатата година беше во посета во земјата и држеше говори во собири во Чаир и Тетово, предводени од опозицијата.

ДУИ ја има поддршката на косовската опозиција и на албанскиот премиер, Еди Рама.

Борбата меѓу Рама и Курти е евидентна. Двајцата сакаат да се наметнуваат како албански лидери во регионот. Двајцата се политички суетни и тешко го прифаќаат поразот. А двајцата истовремено не може да победуваат!

Инаку, односите меѓу Рама и Курти се студени откако косовскиот лидер ја отфрли идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија, стара од 2009 година, а актуелизирана во 2020 година, според која дел од Северно Косово би се присоединил со Србија, а со Косово дел од Јужна Србија: Прешево, Медвеѓе и Бујановац односно Прешевската Долина. Оваа идеја беше поддржана од поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, кој е во Хаг, а и од Еди Рама. Курти и Рама имаа и длабоки несогласувања околу идејата за Отворен Балкан, која Косово ја бојкотираше. ДУИ застана зад идејата за Отворен Балкан, подржана од Рама, Вучиќ и Заев (Ковачевски), а албанската опозиција во Северна Македонија остро се спротивстави.

За да дојдеме до 2024, во која се чудиме за влијанието на Курти и Рама еве неколку современи историски факти.

Во минатото, сè до 2013 година поддршката на Социјалистичката партија на Албанија, како историски продолжеток на Партијата на трудот (Комунистичката партија на Албанија) на Енвер Хоџа, значеше губење на гласови во албанскиот кампус. Кон сè што е социјалистичко, макар да е и албанско од 1990 до 2013 година, имаше страшен отпор. Албанците од 90-те години имаа преголеми симпатии кон десната Демократска партија и нејзиниот историски лидер, Сали Бериша.

Токму партијата на Бериша придонесе кон расцепкување на Партијата за демократски просперитет (ПДП), која во 90-те години се доживуваше како народно движење. Таков беше коментарот на државната Албанска телеграфска агенција (АТА) во декември, 1993 година, која ја најави и на некој начин ја запечати поделбата на оваа голема партија на два нови субјекти.

АТА велеше дека „Во последно време македонски властодршци употребуваат средства за притисок, уцена и насилство кон Албанците, за да на чело на оваа политичка сила држат дискредитирачки елементи, кои биле алка во аферата на оружјето, организирана од тајните служби на Југословенската народна армија (ЈНА), како и во затворањето на невини луѓе во Македонија“.

По овој коментар, на сцена излезе Партијата за демократски просперитет на Албанците (ПДПА), која подоцна, во 1997 г. ќе се брендира во Демократска партија на Албанците (ДПА).

Од друга страна, вмешувањето на политичките партии од Косово во предизборниот процес се случува во континуитет од 1991, а особено по 1999 година, кога Косово се ослободи од Србија.

Во периодот 1991-999 година, ПДП имаше добри односи до Демократскиот сојуз на Косово на Ибрахим Ругова и беше дел од Советот на албанските партии во поранешна Југославија.

Од 1998 до 2002 година, ДПА на Арбен Џафери беше во одлични односи до Демократската партија на Косово (ДПК) на Хашим Тачи. Џафери беше истовремено и идеолог и креатор на профилот на политичкото крило на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), ДПК. Џафери е доказ за влијанието на нашата албанската елита врз косовската политика.

По војната во 2001 година, ДУИ воспостави одлични релации со ДПК, хомолошката партија на Косовo, произлезена од поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), а ДПА како пандан имаше добри релации со Алијанса за иднината на Косово (AИК) на Рамуш Харадинај, исто така важен фактор во ОВК. Од 2006 година наваму, ДУИ ги задржала одличните релации со ДПК.

Во 2012 година, на 100 годишнината на албанската држава во Скопје дојдоа поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша и поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи и порачаа дека тие ќе бидат „гардиани“ (чувари) на Албанците во земјата. На собирот заедно со нив се обрати и Али Ахмети, претставуван како лидер на Албанците во земјата. Груевски тогаш како премиер, а ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт, молчеа на сметка на партнерот ДУИ. Сега прагматично молчат и за Курти, на сметка на албанската опозиција.


Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор. 


Текстот е личен став на Авторот. Специјално за ЦИВИЛ.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ