• Latest

ИЗБОРЕН РОКОВНИК: Најважните информации за претседателските и парламентарните избори 2024

April 23, 2024
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ИЗБОРЕН РОКОВНИК: Најважните информации за претседателските и парламентарните избори 2024

April 23, 2024 14:33
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателските избори ќе бидат одржани утре (24 април), а парламентарните на 8 мај. Претседателот на Собранието на 14 февруари ги распиша седмите претседателски и 11-те парламентарни избори.

Во продолжение поважните рокови за претседателските избори 2024 година

На изборите за претседател на државата што ќе се одржат на 24 април право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор.

Согласно Изборниот законик, роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавување на решението за распишување на изборите во Службен весник. По објавувањето на решението за изборите во Службен весник, Државната изборна комисија ги усвојува роковниците со што и официјално стартуваат изборните дејствија.

Во рок од 10 дена од денот на донесување на одлуката за распишување на избори, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, се должни до Државната комисија за спречување на корупција да достават податоци.

Органи за спроведување на изборите се: – Државната изборна комисија;  Општинските изборни комисии и Изборната комисија на градот Скопје; Избирачките одбори; – Избирачките одбори за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија односно конзуларните канцеларии.

ДИК доставува барање до Министерството за надворешни работи за доставување на податоци за дипломатите, вработени во соодветното Дипломатско – конзуларните претставништва. МНР, податоците за дипломатите, вработени во соодветното ДКП/КК ги доставува до ДИК во рок од пет дена од денот на добиеното барање. (најдоцна до 28 февруари).

ДИК веднаш по распишувањето на изборите, доставува до Министерството за внатрешни работи барање за доставување на податоци за граѓаните. МВР, бараните податоци за граѓаните од Изборниот законик, ги доставува до ДИК во рок од 48 часа од денот на распишувањето на изборите, на магнетен медиум, кои задолжително го содржат единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ).

ДИК најдоцна 15 дена од денот на распишувањето на изборите, Избирачкиот список го става на јавен увид во своите подрачни одделенија и канцеларии. Јавниот увид трае 20 дена. Редоследот на кандидати во листата на кандидати, ДИК го утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици.

Собирањето потписи започнува 23 февруари, а Собирањето потписи трае до 8 март до 24:00 часот.  Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список. Кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Во продолжение поважните рокови за парламентарни избори 2024 година.

Од 14-ти февруари до 27-ми април рок за барање и аплицирање за акредитации до ДУК од домашни и меѓународни организации за набљудување на изборите. Од 14-ти февруари до 17-ти тече рокот за радиодифузерите за регистрирање во ДИК

Од 14-ти февруари до 19-ти февруари радиодифузерите, печатени и електронски медиуми тече рокот за достава на ценовниците. Од 23-ти февруари до 8-ми март тече рокот за собирање на потписи за подносители на листи за претеници

Од 28-ми февруари до 18-ти март започнува јавниот увид во избирачкиот список До 29-ти февруари ДИК ги објавува ценовниците на веб страницата за радиодифузерите, печатените и електронски медиуми

18-ти март е крајниот рок за пријавување на гласачите што сакаат да гласаат во ДКП, а 26-ти март рок за достава на предлози за членови на избирачки одбори од страна на партиите согласно ИЗ.

Кандидатските листи за пратеници за парламентарните избори треба да се достават до 2-ри април До 13-ти април ждрепка за листи.

Од 18-ти април до 6-ти мај Изборна кампања До 2-ри мај може да се објавуваат анкети и испитувања на јавното мислење До 5-ти мај до ОИЕ Овластени подносители на листи или контролори на партиите.

Изборот на шеф на државата се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател, додека редовните избори за пратеници се одржуваат секоја четврта година во последните 90 дена од мандатот на претходниот пратенички состав.

Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. Тоа значи дека кампањата за претседателските избори започна на 4 април, додека за парламентарните избори на 18 април.

Претседателот на Републиката и пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање. Согласно Изборниот законик, избор на претседател на Републиката се врши на територијата на земјата и во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, како една изборна единица според мнозинскиот модел.

Согласно Уставот, претседателот се избира за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу двапати. Претседателот мора да биде државјанин на Република Северна Македонија. За претседател може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За шеф на државата не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Северна Македонија најмалку десет години во последните 15 години.

Од денеска па до утре до 19 часот е молк, пред утрешните седми претседателски избори.

Назми Абдурахмани

Tags: „избори“изборен роковникпарламентарни избориПретседателски избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ