ЗОРАН ИВАНОВ
Викенд, досадно, во политиката сите нешто некако релаксирано блефираат, малку политичарите, малку повеќе медиумите и уредниците таму, малку повеќе и ние проследувачите кои, демек, коментираме за првиот премиер од албанскиот етно ген, а всушност големи чуда и големи цивилизациски достигања во овој 21-ви, и сето како да сме на некаква балканска олимпијада, а човеков прајминистер, уште и само технички, ај што бар на возраст и интелект, ова нај субјективно, ич не му доликува, си се фраерира со албанскиот за да нервира неалбанци, нешто како негов каузален дострел и таа негова дребулија главните телевизи, онака демек демократски уреднички, си го форсираат, е сепак некоја друга тема, но поентата кажана во оваа една реченица е дека, еве, сите заедно, целиот овој наш македонски циркус, си го тераме у п.м. и тоа онака релсксирано манипулативно, а всушност, главната поента е дека за нас спасот, колку таа и да трае, е само ЕУ и тоа баш онаа ЕУ со сите нејзини вавилонски манири, но еве, избори идат па вие видете што тоа ќе си привите со таа нели, гордост историска македонска и антивавилонска.